Управен одбор
Др. Билал Суџубаши - Главен Извршен Директор
Др. Билал Суџубаши е роден во 1972 година во Даренде, Малатја. По дипломирањето на Факултетот за економски и административни науки при Универзитетот Ерџијес своето образование го продолжува на Одделот за бизнис, менаџмент и организација при Универзитетот Инону во Малатја. Има завршено магистерски и докторски студии. Својата професионална кариера ја започнува како учител во Даренде, а потоа стажира во Советништвото за финансии во Малатја. Во текот на својата кариера работи како службеник во Филијалата на Халкбанк во Даренде, како Заменик раководител на Дирекцијата за организација, Директор на филијалата во Аксарај/ Ортаќој, Директор на Секторот за маркетинг за физички лица во Регионалниот координативен центар Дијарбакир, Директор на Секторот за корпоративен маркетинг, Директор на комерцијалната филијала во Мерсин и Директор на Секторот за корпоративен маркетинг во Халк Банкаси А.Ш. Турција. Од 26.12.2017 година, Др. Суџубаши ја извршува должноста Претседател на Управниот одбор на Халк Банка АД Скопје.
Александар Иљов - Извршен Директор
Г-дин Александар Иљов е роден во 1977 година, во Скопје. По дипломирањето на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, финансиски менаџмент, г-дин Иљов во октомври 2000-та година ја започнува кариерата во Халк Банка АД СКопје (поранешна ИК Банка) како Референт во дирекција за девизно работење. Г-дин Иљов има завршено магистерски студии при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во областа на финансиски менаџмент. Г-дин Иљов од 2001 година добива различни позиции во Банката како Референт во Дирекција за домашен и меѓународен платен промет, Кредитен референт за мали и средни компании,а во април 2005 година е унапреден во Директор на дирекција за односи со клиенти, потоа бил Директор на Сектор за маркетинг и Директор на Корпоративна Филијала. Од 2014 година до месец февруари 2024 година г-дин Иљов ја извршува функцијата Директор на Сектор за маркетинг при што како меѓубројните одговорности беше одговорен и за продажната функција на сите филијали преку кои Банката ја врши продажбата на своите производи и услуги. Следниот професионален предизвик и одговорност на г-дин Иљов е член на Управен одбор на Халк Банка АД Скопје кој започна да ја врши од 08.02.2024 година откако претходно беше донесена Одлука за именување за член на Управен одбор од страна на Надзорниот Одбор на Халк Банка АД Скопје и по добивањето на претходната согласност од страна на Народната Банка.
Г-дин Иљов согласно организационата шема на Банката е надлежен за Сектор за маркетинг и дигитално банкарство и Сектор за меѓународно банкарство и средства и ликвидност.
Др. Беркан Имери - Извршен Директор
Г-дин Беркан Имери е роден во 1980 година, во Гостивар. Дипломирал на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Економски факултет во Скопје. Магистерските студиии ги завршува на Економскиот Институт во Скопје. Во 2023 година при Универзитет Американ Колеџ Скопје, Факултет за деловна економија и организациони науки се стекнува со звање Доктор по економски науки. Г-дин Беркан Имери ја започнува својата кариера во јуни 2010 година во Халк Банка А.Д Скопје во Филијала Гостивар како референт во продажба на мало. Во текот на својата кариера работи во Сектор за работа со население, во Дирекција за мрежа на филијали и експозитури, во Дирекција за маркетинг и продажба на корпоративни клиенти, Заменик Директор на Дирекција за финансиско управување, планирање и известување, Директор на Дирекција за финансиско управување, планирање и известување при што во 2017 година согласно долгогодишното искуство и познавање кое го стекнува во Банката започнува со вршење на функцијата Директор на Сектор за финансиско управување, планирање и известување позиција која помеѓу другите одговорности, вклучува и членување во Одборот за управување со ризици и комисија за управување со актива и пасива. Г-дин Беркан Имери беше именуван за неизвршен член на Одборот на директори односно член на Надзорен одбор на Халк Осигурување АД Скопје од 30.01.2019 година до 02.10.2023 година при што во еден период ја извршуваше функцијата Претседател на Надзорниот одбор. Следниот професионален предизвик и одговорност на г-дин Имери е член на Управен одбор на Халк Банка АД Скопје кој започна да ја врши од 08.02.2024 година откако претходно беше донесена Одлука за именување за член на Управен одбор од страна на Надзорниот Одбор на Халк Банка АД Скопје и по добивањето на претходната согласност од страна на Народната Банка.
Г-дин Имери како Извршен Директор е надлежен за Сектор за управување со ризици и финансиско управување, Сектор за следење на кредитен ризик, наплата на ризични побарувања и правни работи и Сектор за човечки ресурси и организација.
Турхан Адеми - Извршен Директор
По дипломирањето на катедрата за финансии, сметководство и банкарството на Економскиот факултет во Скопје, г. Адеми во 1986 година ја започнува својата кариера во подружницата на ЈИК Банка во Скопје, во Одделот за кредитирање и ликвидност. Неговата професионална кариера оди по нагорна линија започнувајќи од 1994 година кога тој е активен во ИК Банка АД Скопје, каде што во периодот од 1994 до 1999 година добива различни позиции како Директор на одделот за Кредитирање, трезор и ликвидност, Директор на одделот за Брокерство, како и В.Д. Директор на Филијалата на ИК Банка во Битола. Важен момент во овој период е неговата позиција на В.Д. Генерален Директор на ИК Банка од 1995 до 1996 година. Друга пресвртница во растечката кариера на г. Адеми е позицијата на Заменик Директор на Зираат Банка АД Скопје од 1999 до 2001 година. По краток период, во март 2001 година е унапреден во Генерален Директор на Зираат Банка АД Скопје, позиција која помеѓу другите одговорности, вклучува и членување во Одборот за управување со ризици. По успешното преземање на Зираат Банка АД Скопје од страна на Халк банка АД Скопје, следниот професионален предизвик и одговорност на г-дин Адеми е позицијата на Извршен Директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Во периодот Јуни 2016 – Декември 2017 г.Адеми ја вршеше функцијата В.Д.Главен Извршен Директор на Халк Банка АД Скопје.
Г.Адеми како Извршен Директор е надлежен за Сектор за кредитирање,Сектор за операции и Сектор за информациски системи.