Често поставувани прашања
Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?
Пополнета апликација за Visa Бизнис дебитна картичка потпишана од управителот на фирмата и копија од лична карта и потпис на корисникот на картичката.
Како може да се аплицира за дебитна картичка ?
Со пополнување на апликацијата во најблиската филијала или преку онлине апликацијата за која подоцна ќе бидете контактирани од одговорното лице од Халкбанк А.Д. Скопје.
Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?
Со одобрувањето на барањето, процедурата за издавање на картичката одзема 2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде корисникот се одлучил да ја подигне картичката и за истото ќе биде известен преку СМС.
Што значи дозволен минус и како може да се добие?
Дозволен минус подразбира кредитен лимит на сметката кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.
Важност на картичката ?
Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.