Карактеристики

Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, вашиот мобилен паричник


Мобилната апликација HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard / Visa, издадена од Халкбанк АД Скопје.

Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација HalkPay од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“.

Со преземањето на апликацијата HalkPay корисникот ги дигитализира картичките и може да започне со плаќање со мобилниот уред.

Со цел успешно да се изврши плаќањето, корисникот треба својот мобилен уред да го доближи до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање. Како основна картичка избира 1 картичка со опција за брзо плаќање (fast payment). Другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето ја избере конкретната картичка.

Предности

Карактеристики

  • Лесно и безбедно плаќање со вашиот мобилен телефон
  • Можност за брзо плаќање (fast payment)
  • Преглед на трансакции
  • Корисничка поддршка 24/7
  • 4 различни јазични верзии (македонски/англиски/албански/турски)

Корисничко упатство

Корисничко упатство

 Корисничко упатство

Прашања

Често поставувани прашања

Што е HalkPay апликација?

HalkPay е новата мобилна апликација на Халкбанк која овозможува брзо, лесно и безбедно плаќање преку мобилен уред со оперативен систем,, Андроид‘‘. Истата е достапна за користење од страна на сите клиенти на Халкбанк кои имаат Mastercard / Visa платежна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје.

Како да ја преземам HalkPay апликацијата?

HalkPay е достапна за преземање преку   Google Play Store.  Мобилната апликација е достапна во повеќе јазични верзии.  Согласно јазикот кој го имате избрано во генералното управување на вашиот  мобилен уред (македонски / англиски / албански / турски) ќе се прилагоди и јазичната верзија на апликацијата.

Што треба да направам за да се регистрирам на HalkPay?

По преземање на апликацијата,  се регистрираш со внес на задолжителни основни податоци како твојот личен матичен број (ID) и последните 4 цифри од псевдо бројот на Mastercard / Visa картичката. Потоа, добиваш СМС порака со ОТП лозинка која ќе ја внесеш на апликацијата за  активација. Следно, активираш сигурносен елемент како отпечаток на прст, лозинка, патерн или идентификација на лице.

Како ја користам HalkPay за плаќање?

Најпрво е потребно да се изврши дигитализација на твоите Master / Visa  картички кои сакаш да ги користиш при мобилно плаќање.

За да имаш опција – брзо плаќање (Fast Pay) односно, за да може да плаќаш само со приближување на телефонот до ПОС терминалот без да ја отвараш апликацијата, треба да избереш една од дигитализираните картички како ОСНОВНА.

По ова, веќе можеш навистина брзо и едноставно да плаќаш на ПОС терминал со твојот мобилен уред без да вадиш картичка од твојот новчаник.

Која картичка може да ми биде основна?

Како основна картичка корисникот  избира една картичка.

Во апликацијата се одбира картичката која сакате да ја дигитализирате. По успешно дигитализирање на картичката  се отвара полето Опции за картичка  и се одбира опцијата Брзо плаќање (fast payment)  и потоа може да се врши плаќање на ПОС терминал со мобилниот уред без да се отвори HalkPay апликацијата.

Другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање преку мобилната апликација доколку пред плаќањето се одбере конкретната картичка.

Дали има ограничување за износот на плаќање со HalkPay апликацијата?

За износ помал од 2 000 МКД, корисникот може да плаќа без дополнителна автентикација на мобилниот уред, сè до збир од 5 последователни трансакции помали од 2.000,00 МКД. На секоја шеста трансакција помала од 2.000,00 МКД, апликацијата ќе побара дополнителна автентикација.

За износ поголем од 2 000 МКД, секогаш ќе биде потребна дополнителна автентикација.

По секоја дополнителна автентикација, потребно е повторно да се доближи мобилниот уред до ПОС-терминалот со цел да се комплетира трансакцијата.

За дополнителна автентикација, секогаш ќе биде земен отпечаток од прст доколку мобилниот уред го поседува како безбедносен елемент. Во спротивен случај, ќе се користи ПИН или патерн.

Дали има разлика колкав е износот на трансакцијата за  допири на ПОС терминал со мобилниот уред?

Single tap (трансакција со еден допир на ПОС-терминал) – за трансакции помали од 2.000,00 МКД

Double tap (трансакција со 2 допири на ПОС-терминал) – за трансакции поголеми од 2.000,00 МКД и на секоја шеста трансакција помала од 2 000 МКД.

Ако картичката ми е блокирана во мобилната апликација HalkPay дали ќе може да извршам плаќање со физичката картичка?

Физичката картичка ќе може да ја користите за плаќање на ПОС терминал.

*Доколку блокирате одредена платежна картичка во мобилната апликација HalkPay  нема да може да ја користите преку апликацијата. Физичката банкарска картичка може да ја искористите за да го извршите плаќањето.

Што друго можам да правам со HalkPay апликацијата?

Преку апликацијата можеш и да следиш преглед на трансакции кои ги имаш направено преку истата во одреден временски период, да го контактираш контакт центарот за дополнителна поддршка 24/7.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња