ХАЛКБАНК Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.)

Халкбанк е основана во 1938 година со цел поддршка на занаетчии, трговци и забрзување на економскиот развој, со што понатаму станува една од стабилно растечките, добро воспоставени, пионерски и реномирани брендови на Р.Турција.
Халкбанк е пионер во развојот на турскиот банкарски сектор 83 години, и ја продолжува својата мисија за поддршка на реалниот сектор во Р.Турција.
Банката на своите клиенти им нуди уникатно банкарско искуство со своите 1.017 филијали во земјата, 6 експозитури надвор од земјата, 1 дирекција, 3 странски претставништва, 4.016 банкомати и високо современите интернет и мобилно банкарство.
Во линија на своето значење на брендот, ги става луѓето – клиентите, трговците, земјоделците, сопствениците на мал, среден или голем бизнис и вработените пред се, истакнувајќи дека причината за нејзиното постоење е поддршката кон нив со финансиски можности, во добри и во лоши времиња.
Банката важи за лидер на пазарот во поддршка за мали и средни претпријатија.
Халкбанк е и најголемиот поддржувач на економијата на Р.Турција и важи за еден од најуспешните и најсилни брендови на турскиот пазар.
www.halkbank.com.tr