Карактеристики

Карактеристики

ПЛАЌАЈ ВО ДВИЖЕЊЕ !!!

Mastercard Debit Contactless дебитна картичка наменета за физички лица која е поврзана со Вашата трансакциска сметка и одобрениот минус на истата.

Mastercard Debit Contactless е меѓународна картичка  наменета за безготовински трансакции, која поддржува интернет плаќање и за истите може да добиете е-маил известување за секоја направена трансакција.

Користење на Вашите расположливи средства 24/7

Можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

 

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000,00  мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк А.Д. Скопје.

Сите приматели на плата/пензија во Халкбанк А.Д. Скопје имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во Р.Македонија без надомест.

 Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуват највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Можете да аплицирате за Mastercard Debit Contactless во најблиската филијала/ експозитура на Халкбанк А.Д Скопје или онлине преку нашата Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје или  доставете ни ја на емаил :  help24@halkbank.mk


Предности

Предности

ПЛАЌАЈ ВО ДВИЖЕЊЕ !!!

Со користење на Mastercard Debit картичката може слободно да се опуштите и уживаjте во купувањето.

  • Можност за бесконтактни трансакции со само еден допир на картичката на ПОС терминалот каде што е поставено логото за бесконтактни трансакции.

     
  • Сите приматели на плата/пензија во Халкбанк А.Д. Скопје имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во Р.Македонија без надомест.
  • Располагање со Вашите средства 24/7.
  • Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк А.Д. Скопје.
  • Брзо извршување на трансакции.
  • Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Доколку не сте корисник на Mastercard Debit Contactless картичката може да аплицирате преку онлајн апликацијата или во најблсиката филијала/експозитура.

Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје.

Провизии

Провизии

Надомест за изработка на основна картичка за приматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје Без надомест
Надомест за изработка на основна картичка за неприматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје 300 денари
Надомест за изработка на дополнителна картичка 200 денари
Надомест за реиздавање на основна/дополнителна картичка 100 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Годишна членарина на Mastercard Debit Contactless за приматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје Првата година без надомест                                                                   *Секоја наредна 200 денари по картичка (основна/дополнителна без разлика на промет )
Годишна членарина на Mastercard Debit Contactless за неприматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје Првата година без надомест *Секоја наредна 300 денари 
Подигање готовина на шалтерите на банката Согласно генерална тарифа 
Подигање на готовина на шалтерите на други банки 3% мин.200 денари
Подигање на готовина на банкомати на Халкбанк АД Скопје Без надомест
Подигнување на готовина на банкомати од други Банки во Р.Македонија  за приматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје  Без надомест
Подигнување на готовина на банкомати од други Банки во Р.Македонија за неприматели на плата/ пензија во Халкбанк АД Скопје 3% мин 200 денари
Подигнување на готовина на банкомати од други Банки во странство 3% мин 200 денари
Извештај од сметка на банкомат на Халк Банка АД Скопје Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари
Активна камата на пречекорување, казнена камата за пречекорување над дозволеното салдо на сметка, пасивна камата Согласно одлука за каматни стапки

Прашања

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Во што се состои разликата меѓу дебитна и кредитна картичка? 

Дебитната картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка.  Притоа,  овозможува користење на  расположливите средства на  трансакциската сметка вклучувајќи го и одобрениот дозволен минус. Исто така картичката може да се користи за интернет плаќања.

Кредитна картичка е меѓународна чип револвинг  картичка  наменета за плаќање во продажни места, подигање на готовина на банкомати во земјата и во странство да се корити за интернет плаќање. Револвинг кредитната картичка  е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив, а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна картичка. За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за дебитна картичка и копија од лична карта.

Како може да се аплицира за дебитна картичка ?

Со пополнување на апликацијата во најблиската филијала или преку онлине апликацијата за која подоцна ќе бидете контактирани од одговорното лице од Халкбанк А.Д. Скопје.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?  

Со одобрувањето на барањето процедурата  за издавање на картичката одзема  2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде  корисникот се одлучил да ја подигне картичката  и за истото ќе биде известен преку СМС.

Што значи дозволен минус и како може да се добие?

Дозволен минус подразбира кредитен лимит на трансакциската сметка кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се  изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.

Важност на картичката ?

Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање. 

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.