Девизна гаранција
Одделението за документарно работење ги опслужува своите клиенти зависно од нивните барања а во согласност со важечката законска регулатива и меѓународната правила.Производите како Инкасо, Акредитив и Девизна гаранција се производи кои ги нуди Халкбанк АД Скопје.
Банката издава девизна гаранција во корист на корисникот на барање на клиентот и ќе се изврши плаќање кога корисникот ќе поднесе барање до Банката во пропишаниот рок и кога условите на гаранција се исполнети. Банкарската гаранција претставува неотповиклива обврска на Банката да плати одредена сума пари во случај на неизвршување на обврските од договорот од страна на налогодавачот.
Гаранцијата може да се користи како средство во меѓународните плаќања.
При отворењето на гаранцијата од страна на Банката во корист на корисникот се праќаат автентични swift пораки, пораките имаат за цел да ја гарантираат валидноста на пораката како и другите услови во гаранцијата дали се исполнети.
Халкбанк АД Скопје Ви нуди широк спектар на овој тип на инструмент и делува како Ваш партнер со долгогодишно искуство во гаранциите, обезбедувајќи високо професионални светски и наменски решенија.Овој инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените единствени правила за гаранции, (Revision 2010, Publication N.758E issued by ICC in Paris.