КАРАКТЕРИСТИКИ
Одберете го Вашиот дигитален аксесоар - алка, привезок или прстен и плаќајте брзо и лесно со стил.
Бидете во чекор со светските трендови на дигитално плаќање само со Халкбанк АД Скопје и Fidesmo Pay.
Што е Fidesmo Pay?
Fidesmo Pay e апликација преку која се дигитализираат Вашите дебитни и кредитни платежни картички од брендот Mastercard издадени од Халкбанк АД Скопје и со успешно активирање на аксесоарот на корисникот ќе му биде овозможено да извршува бесконтактни платежни трансакции.
Користи Near Field Communication (NFC) технологија која овозможува брзи и безбедни бесконтактни плаќања. Корисниците можат едноставно да го приближат аксесоарот до платежниот терминал за да извршат плаќање.
Уредот може да се купи преку официјалните партнери на Fidesmo Pay:
ПЛАЌАЊЕ СО ДИГИТАЛЕН АКСЕСОАР
Платежни трансакции со аксесоарот може да се извршуваат на секој ПОС терминал што поддржува бесконтактно плаќање. Потребно е само еднаш да се дигитализира Mastercard картичката на телефонот.
Брз, лесен и модерен начин на користење.
Препораки за заштита
Корисникот совесно и одговорно треба да се грижи за својот аксесоар за да спречи истиот да биде изгубен, украден или злоупотребен од страна на трети лица.
Во случај на губење на аксесоарот или прекин на услугата, клиентот може да ги преземе следните чекори:
1.Да направи пауза на плаќањата преку мобилната апликацијата Fidesmo Pay
2.Да ја избрише/отстрани картичката од мобилната апликацијата Fidesmo Pay
3.Да ја блокира картичката преку електронско банкарство, филијала или преку контакт центарот Help24 со повик на бројот 02/3296-330
Како дополнителна заштита од злоупотреба, клиентот може да активира СМС известување преку која се добиваат информации за секоја успешна и неуспешна трансакција. Во случај на добивање СМС известување на трансакција која не е направена од страна на клиентот, треба веднаш да се пристапи кон препораките за заштита.
Навремено да ги следи сите известувања од страна на Банката во врска со дигитализирани платежни картички на различни уреди.
Да ги следи сите информации на продавницата за апликации и да продолжи со ажурирање и инсталирање на нови верзии на апликациите.