Карактеристики

Kарактеристики

Халкбанк АД Скопје мисли на вашата иднина. Вложете ги вашите средства во денари и искористете ги предностите за штедење.

На денот на истекување депозитот автоматски се реорочува со актуелните каматни стапки според Тарифата на Банката.

Промените на депозитите можете во секое време да ги следите преку електронско банкарство.

Доколку сé уште немате трансакциска сметка посетете ја најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје и бидете дел од нашето семејство.

За дополнителни информации контактирајте не на:

мејл адреса: deposits@halkbank.mk

Предности

Предности

  • Минимален износ на вложување е 3.000 денари
  • Можност за делумни повлекувања од депозитот пред датумот на доспевање
  • Можност за исплата на камата : месечно или на денот на доспевање на депозитот
  • При предвремено раскинување на депозитот Банката пресметува и исплаќа камата по видување според важечката тарифа во моментот на раскинување на депозитот

Каматни стапки

Каматни стапки

Штедење во МКД

За дополнителни информации контактирајте на :

Телефон: 02/3240-800

e-mail: deposits@halkbank.mk

Линк за калкулатор

Прашања

Прашања

Кои документи ми се потребни за отворање на орочен депозит?

Потребен документ за отворање на орочен депозит е документ за идентификација (лична карта или пасош)

Дали можам да повлечам дел од депозитот?

Делумно повлекување од орочениот депозит пред денот на доспевање е дозволено, при што на повлечениот дел Банката ќе пресмета и исплати камата по видување додека на останатиот дел ќе се пресмета и исплати камата по договор.

Колкав износ на камата ќе добијам за орочениот депозит?

Линк за калкулатор

Дали можам да додавам средства на орочениот депозит?

Дополнителни уплати на орочениот депозит пред денот на доспевање не е дозволено. Дoколку сте заинтересирани за тип на депозит на којшто ќе имате можност за дополнителни вложувања можете да ги вложите вашите средства во орочен депозит 25 месеци.

Линк за штедење на 25 месеци

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња