Прашања
КАКО МОЖЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТНА КАРТИЧКА?
Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде што ќе мора да се процени вашата кредитоспособност и ќе може да ја подигнете потребната документација за аплицирање или преку онлајн апликацијата.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот.
- Извод од трансакциска сметка за последните три месеци како потврда за месечни приходи/приливи.
- Копија од лична карта.
- Траен налог.
- За приватни институции дополнително потребно е: М1/М2 образец заверен од работодавачот.
ДО КОЈ ИЗНОС МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ БЕСКОНТАКТНА ТРАНСАКЦИЈА?
ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 750,00 МКД или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот што прифаќа бесконтактни картички.
НА КОЛКУ РАТИ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА СО КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА VISA PAYWAVE?
Visa PayWave Credit овозможува плаќање на 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет и АТМ на Халкбанк АД Скопје и во сите други банки во земјата и во странство.
Плаќањето на рати не е избор на клиентот и трговецот, туку е автоматски зависно од износот на трансакцијата на која се пресметува камата:
Износ на трансакција
| Број на рати
|
До 1.500,00 МКД
| Нема рати
|
1.500,00 ‒ 3.000,00 МКД
| 2 рати
|
3.001,00 ‒ 6.000,00 МКД
| 3 рати
|
6.001,00 ‒ 12.000,00 МКД
| 6 рати
|
12.001,00 ‒ 24.000,00 МКД
| 12 рати
|
Над 24.001,00 МКД
| 24 рати
|
КАКО МОЖЕ ДА ПЛАЌАТЕ ДОЛГ ПО КРЕДИТНА КАРТИЧКА (АВТОМАТСКИ)?
Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД, може да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка, а со тоа заштедувате време. Минималниот износ на долг потребно е да се плати до 10-ти во месецот.
*МЕСЕЧЕН МИНИМАЛЕН ИЗНОС ЗА ОТПЛАТА
Месечниот минимален достасан износ, кој корисникот на основната кредитна картичка е должен да ѝ го плати на Банката, изнесува 100% од износот на достасаната месечна рата од одложено плаќање, 100% од сите пресметани надоместоци и провизии што произлегуваат од направените трансакции и 100% од износот на пресметаната редовна и казнена камата.
КОЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НОВА КАРТИЧКА?
Кога ќе се одобри барањето, процедурата одзема 2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне, а за тоа ќе биде известен преку СМС-порака.
КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ФАКТУРА ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ПРЕКУ Е-ПОШТА?
Потребно е само да ги известите вработените во филијалата/експозитурата за адресата на е-пошта на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и за да се доставува фактура секој месец на наведената адреса.