Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди станбен кредит, за физички лица кои се во редовен работен однос. Кредитот можете да го користите за купување на стан и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Халк Банк АД Ви нуди најповолни станбени кредити кои најдобро одговараат на вашите потреби.

Предности

Предности

Кредитот кој го нуди ХалкБанк АД е со најниска каматна стапка, временскиот рок на отплата е до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 200.000 ЕУР
  • Максимален рок: до 30 години
  • Грејс период: 12 месеци
  • Каматна стапка: Номинална каматна стапка од 7% променлива, стапка на вкупни трошоци 7.23% (СВТ).
  • Провизија за обработка на кредитот: 0% од износот на кредитот.
  • Трошоци за кредитот: 200,00 МКД (надоместот се наплаќа надоместот се наплаќа доколку кредитот е одобрен), меничен бланкет, нотарски трошоци.
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
    Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
    Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
    Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист. 
  • Кредитна способност: 1/2 од вкупните месечни примања со можност за кокредитобаратели.
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност од 1:1,2, меница и менична изјава.

Прашања

Најчесто поставувани прашања

Постои ли можност за кокредитобарател кај Станбениот кредит?

Има можност да  се вклучи кокредитобарател кој треба да биде  во редовен работен однос во ЈА, АД и финансиски институции како и во бонитетна приватна фирма која е прифатлива за Халк Банка АД Скопје.

Дали може да се направи рефинансирање на Станбен кредит  од друга банка?

Почитувани, овој тип на кредит може да се искористи за рефинансирање на постоечки кредит во друга банка со 0% трошоци за кредитот.

.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња