Карактеристики

Карактеристики

Дознаки во странство (ностро)

Трансфери во странство на домашни физички лица кои се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци) како и за лични трансфери на средства во противвредност 2.500,00 ЕУР месечно, може да се извршат без презентација на соодветниот документ, т.е. доволна е информација од резидентот врз основа на која се утврдува основот на плаќањето. За трансфери поголеми од 2.500,00 ЕУР задолжително се доставува и документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.

Еднострани лични трансфери на средства над 2.500,00 ЕУР; соодветен документ заверен на нотар, иселеничка или работна виза. Како еднострани лични трансфери на средства се сметаат преноси на средства во Република Макединија и од Република Македонија врз основа на: семејни заеми, подароци, мираз, наследства, савештанија, намирување на долгови на доселеник кон матичната земја, пренос на средства на иселеник во странство, игри на среќа и заштеди на вработени лица во република Македонија кои не се резиденти.

Предности

Предности

Плаќање во странство согласно упатството за користење на девизните средства од девизни сметки за физички лица се врши на Обр. 1450. Согласно Одлуката за користење на девизите што ги држат кај банките домашните физички можат да ги користат и тоа:

  • Плаќање и увоз на стоки и услуги и тоа за свои потреби и за потребите на членовите на потесното семејство.

За плаќање врз основа на купување на недвижност во Република Македонија која ја поседувал нерезидент, како и за плаќање на доход од недвижноста која ја поседувал нерезидент потребно е:

  • Доказ за извршен упис во регистарот на недвижности на нерезиденти во Република Македонија при Министерството за финансии
  • Доказ за подмирени обврски спрема државата

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња