Карактеристики

Карактеристики

ХАЛКБАНК како носител на Платниот Промет има развиено брз, ефикасен и квалитетен систем за извршување на платниот промет, како една од основните функции во банкарското работење, со што на своите клиенти им нуди услуга согласно нивните потреби.

Согласно Законот за платниот промет (Сл. весник бр. 113/2007) физичките и правните лица, за да учествуваат во платниот промет потребно е да имаат отворено денарска трансакциска сметка, бидејќи единствен начин за извршување на плаќања меѓу учесниците во платниот промет е истите да се одвиваат преку денарски трансакциски сметки, кои банките како носители на платен промет задолжително ги пријавуваат во ЕРТС (Единствениот регистар на трансакциски сметки).

Контакт: platenpromet@halkbank.mk

Предности

Предности

Откако Банката ќе му отвори денарска трансакциска сметка, клиентот може да ги извршува сите активности во внатрешниот и надворешниот клиринг. Притоа може да учествува во:

Системот за интерни порамнувања на Банката – за сите плаќања, кон субјекти кои исто така имаат сметка во Банката.

Системите за екстерни порамнувања:

  • КИБС – Клириншки интербанкарски Систем – преку кој се одвиваат сите редовни плаќања до износ од 1.000.000,00 денари и чие порамнување се врши на крајот на пресметковниот ден
  • МИПС – Македонски Интербанакарски Платни Системи – преку кои се одвиваат сите итни плаќања и сите плаќања на износи поголеми од 1.000.000,00 денари

За извршување на платни трансакции на клиентите им стојат на располагање, инструментите пропишани со Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата и тоа:

Готовински

  • ПП10 – готовинска уплата
  • ПП40 – готовинска исплата

Безготовински

  • ПП30 – безготовински пренос на друг учесник во платниот промет
  • ПП50 – безготовински пренос , плаќања на јавни приходи
  • ПП53 – збирен налог за изплата на цела плата

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња