Создаваме дополнителни вредности за клиентите, акционерите и вработените

Создадовме банка што е блиска до луѓето, што работи за граѓаните и го олеснува патот кон исполнувањето на нивните потреби. Секојдневно создаваме персонализирани банкарски услуги, воведуваме нови технологии и обезбедуваме брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали. Сето тоа овозможува за граѓаните и нашите клиенти врвно банкарство искуство, а нас нè претставува како банка што секогаш може да излезе пресрет потребите на граѓаните.

Со ваквиот однос и градењето на продуктите согласно нашиот корпоративен слоган “Важни се луѓето”, станавме најбрзо растечка банка и лидер во портфолиото и понудата. Истовремено, водејќи се со идејата дека за да растеме како банка мораме да водиме грижа за своите клиенти, за нивните потреби и желби, Халкбанк постојано настојува да креира производи по мерка на корисниците.

Преку ефикасна имплементација на сите банкарски услуги, стануваме посилни и во производите и во услугите и континуирано создаваме дополнителни вредности за клиентите, акционерите и вработените. На овој начин градиме репутација на модерна финансиска институција, која им обезбедува на своите клиенти врвен квалитет при давањето на сите финансиски услуги.

Со создавањето производи таргетирани за потребите на малите и средни претпријатија, станавме препознатливи како банка која дава поддршка на бизнисот. Истовремено продолжуваме со поддршката на проектите на бизнис заедницата и преку кредитните линии од меѓународните финансиски институции. И со ваквата оперативна стратегија придонесуваме за развојот на индустријата и економијата во земјата.

Во однос на кредитирањето на населението, Халкбанк нуди кредитни производи кои се трудиме да се со навистина поволни услови на домашниот пазар, со што излегуваме пресрет на потребите на граѓаните. И токму следејќи ги потребите, трендовите и промените во современиот живот, како банка вршиме и постојана надградба на постоечките услуги и воведуваме нови, со што настојуваме да држиме чекор со новите технологии и да играме улога на лидер на пазарот кога станува збор за современите канали на банкарско работење.

Ваквата политика и ваквиот однос кон населението нè става во фокусот на граѓаните и компаниите при изборот на банка. Истото резултира со перманентен раст на задоволството од взаемниот однос на двете страни.

Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, со свесност за нашата корпоративна општествена одговорност и должност да придонесуваме за развојот на банкарскиот сектор и пазарот на капитал, постигнуваме преферирана позиција на пазарот. Врз основа на ова и раководејќи се од нашите корпоративни вредности и принципи да понудиме одлична услуга за нашите клиенти, предложувајќи им ги најдобрите решенија за нивните потреби, да создаваме и да применуваме успешна корпоративна култура, давајќи му на значење на секој член од тимот кој го градиме, нашата мисија е да бидеме водечка банка во регионот што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмираме силно присуство во услугите во доменот за население.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.