Инвестиции / Фиксни средства

Целна група: Независни МСП* (Со помалку од 250 вработени на неопределено време)

Намена:

  • Материјални средства (со исклучок на купување на земјиште, освен ако тоа е технички неизбежно за спроведување на проектот)
  • Нематеријални средства (на пример, трошоци за истражување и развој)
  • Краткорочни обртни средства

Износ на кредитот: 10.000 ЕУР - 3.500.000 ЕУР (износот на проектот не смее да надмине 25 милиони ЕУР)

Рок на отплата: 2-8 години  (вклучувајќи и 24 месеци грејс период)

Начин на отплата: Еднакви месечни ануитети

Каматна стапка: 5,5%

Надомест за обработка: до 1,5%

Обезбедување: комбинација од следните инструменти - меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

Сектори исклучени од финансирање:

  • Производство и извоз на оружје.
  • Игри на среќа.
  • Производство на тутун.
  • Активности поврзани со експерименти врз живи животни.
  • Активности кои имаат негативно влијание на екологијата.
  • Клонирање.
  • Активности од областа на трговија со недвижности.
  • Финансиски активности. Како на пример трговија со финансиски инструменти. 

*За независни МСП се сметаат следните претпријатија:

  • Помалку од 25% од капиталот да и припаѓа на друга компанија;
  • 25% или повеќе од капиталот да и припаѓа на друга компанија, но групацијата да вработува помалку од 250 луѓе;
  • 25% или повеќе од капиталот да припаѓа на државно тело (вообичаено на општина) и истото да има годишен буџет помал од 10 милиони ЕУР и помалку од 5.000 жители;
  • До 50% од капиталот да  припаѓа на компании или институции чија задача е да ги промовира МСП согласно исклучоците детализирани во препораките на Комисијата 2003/ЕК од 6 мај.

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.