Карактеристики

Навремена и соодветна поддршка е клучот за успехот на секој бизнис. Комбинацијата од широкиот спектар на финансиски производи кои ги нудиме преку нашите филијали и бесплатните консултации не прави сигурен партнер на секој бизнис. Целта на кредитите за обртни средства е финансирање на тековните деловни активности (набавка на материјали и стока, финансирање на тековното производство, зајакнување на тековната ликвидност), како и рефинансирање на постојните обврски. Кредитите за обртни средства може да бидат одобрени со рок на доспевање до 3 години, со рок на отплата и динамика во согласност на деловниот циклус на клиентот. Износот на кредитот и рокот на отплата ќе бидат во зависност од вашите барања.   

Банката ги нуди следните видови на кредити за финансирање на обртни средства:

  • Кредит со еднакви месечни ануитети (до 36 месеци) - денарски кредит, денарски кредит со девизна клаузула, девизен кредит.
  • Револвинг кредит (до 12 месеци) - денарски кредит, денарски кредит со девизна клаузула, девизен кредит. Тие се користат сукцесивно, во транши, а во текот на периодот на користење  клиентот има право за повторна употреба на транши од заемот, по отплата на секоја индивидуална транша, под услов вкупниот износ на искористени транши од заемот да не го надминува договорениот револвинг кредит.
  • Вашата компанија, исто така, може да користи кредит за обртни средства од кредитните линии кои ги нуди Банката. Информации за кредитните линии може да се најдат на следниот линк: Кредитни линии

Обезбедување за кредитот: Комбинација од следните инструменти: меница во форма на нотарски акт; физички лица гаранти; хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и права, други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.     

Предности

  • Флексибилни услови за отплата на кредитот во согласност со вашите бизнис потреби и можност за плаќањe
  • Можност за  купување на залихи со рабат кој ќе придонесе за зголемување на профитабилноста на фирмата
  • Успешно управување со финансиите на компанијата и менаџирање на готовинскиот тек (cash-flow)
  • Одржувањето на доволно количество на обртни средства му овозможува на вашиот бизнис да се справи со непредвидени ситуации. 

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.