Членови на надзорен одбор

1. Левенд Торусдаг

2 Мустафа Џенк Улудаг

3. Јалчин Каја

4. Илхан Болукбаш

5. Борис Петровски

6. Биљана Ангелова

Управен одбор

Турхан Адеми - ВД Генерален Извршен Директор

По дипломирањето на катедрата за финансии, сметководство и банкарството на Економскиот факултет во Скопје, г. Адеми ја започнува својата кариера во подружницата на ЈИК Банка во Скопје, во Одделот за кредитирање и ликвидност. Неговата професионална кариера оди по нагорна линија започнувајќи од 1994 година кога тој е активен во ИК Банка, а од 1999 година добива различни позиции како директор на одделот за кредитирање, трезор и ликвидност, директор на Одделот за брокерство, како и в.д. директор на филијалата на ИК Банка во Битола. Важен момент во овој период е неговата позиција на в.д. генерален директор на ИК Банка од 1995 до 1996 година. Друга пресвртница во растечката кариера на г. Адеми е позицијата на Заменик директор на Зираат Банка АД Скопје од 1999 до 2001 година. По краток период, во март 2001 година е унапреден во генерален директор,позиција која помеѓу другите одговорности вклучува и членување во Одборот за управување со ризици. По успешното преземање на Зираат Банка АД Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје , моменталниот професионален предизвик и одговорност на г-дин Адеми е позицијата на извршен директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Букет Геречџи - Извршен Директор

Професионалната кариера на г-ѓата Букет Геречџи започнува со работен ангажман во Гаранти Банкаси А.Ш. Турција во 1990 година, непосредно по завршувањето на формалното образование и стекнување со Диплома од Универзитетот во Анкара на Одделот за Меѓународни односи во 1989 година. По изминати пет години во работен однос во Гаранти Банкаси, г-ѓата Геречџи во 1995 година добива можност за понатамошен професионален и кариерен развој во друга финансиска институција во Турција - Топрак Банк. Овој работен ангажман трае до 1997 година, кога е назначена како Директор на филијалата во Газиантеп, при Финанс Банк А.Ш. Во 2002 година, таа е пред нов професионален предизвик, во рамките на Асја Катилим Банкаси А.Ш., а во 2008 во истата институција е назначена и како Заменик Генерален Директор и Одговорно лице за Операции (COO). Од 2011 година, продолжува како Главен финансиски директор во друга компанија, дел од нафтената индустрија во Турција. Дел од семејството на Халкбанк, таа станува со добивањето на претходната согласност од страна на НБРМ на 04.03.2015, како член на Управниот одбор на Банката – Извршен Директор, надлежна за Секторот за човечки ресурси и организација и Секторот за операции и информациски системи.

Томче Тасевски - Извршен Директор

Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје на катедрата за финансии, сметководство и банкарски менаџмент. Својата кариера г. Тасевски ја започнува во Љубљанска банка во областа на кредитирањето, а понатаму продолжува на повеќе стратешки позиции како директор на Одделот за односи со клиентите во Алмако банка и заменик генерален директор во Штедилница Можности. Во меѓувреме по краток мандат во поранешна ИК Банка како директор на Одделот за кредитирање на почетокот од 2002 година г-динот Тасевски се враќа како оперативен директор и Директор на корпоративниот оддел поддржувајќи и координирајќи ги вработените и процесот при градење на силна мрежа на бизнис клиенти и кредитно портфолио на Банката. Во 2009 година г. Тасевски е унапреден во извршен директор, член на Управниот одбор на ИК Банка. По ребрендирањето на Банката г-дин Тасевски останува во рамките на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Исто така во 2009 година г-дин Тасевски е назначен и за претседател на Одборот за управување со ризици.


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.