baner_creditlines3

KfW II

Целна група: Правни лица организирани во форма на 100% приватно друштво, со седиште регистрирано (или во процес на регистрација) во Македонија и ако работат претежно во Македонија, не вработуваат повеќе од 100 лица на денот на кредитното барање, занаетчии и физички лица,  индивидуални претприемачи, семејни бизниси, вршители на дејност (кои поседуваат соодветни овластувања) државјани на Македонија. Потребно е барателот на кредит да врши дејност без прекин во период од најмалку шест месеци пред поднесување на кредитното барање. Ако стопанската дејност е или била прекината од лични причини во периодот од трите месеци пред поднесување на кредитното барање, неопходна е деловна евиденција за период од најмалку 6 месеци во периодот од последните 9 месеци пред поднесување на кредитното барање         

Квалификувани дејности: Друштва од производствен сектор, вклучувајќи преработка на земјоделски суровини, услужниот сектор или во трговскиот сектор

Намена на кредитот:

  • Основни средства (опрема, машини, инсталации, конструкции, земјиште, реновирање и модернизација на работни објекти  и производствени погони); 
  • 10% од вкупната вредност на инвестицијата може да бидат искористени за обртни средства (набавка на суровини, трговска стока и други материјали);

Износ на кредитот:  Максимален износ до 300.000,00 ЕУР

Валута

  • ЕУР за плаќање во странство
  • ЕУР во денарска противвредност пресметана по среден курс кој важи за паритетот ЕУР/МКД котиран на индикативната курсна листа на денот на исплатата за плаќање во земјата

Каматна стапка: 

  • 5,5% на годишно, за краткорочни кредити
  • 5,5 п.п + 6м ЕУРИБОР, за долгорочни кредити

Надомест за обработка: 1,00% од износот на кредитот

Рок на отплата: Нajдоцна до 30.12.2027, со вклучен грејс период од максимум 24 месеци

Начин на отплата: Месечни ануитети

Обезбедување: Согласно Кредитна политика на Банката, зависно од износот на кредитот

Сектори исклучени од финансирање:

  • производство и трговија на оружје или лица инволвирани во производство или трговија на оружје, воена опрема
  • производство на алкохол (пијалоци кои надминуваат 22 степени алкохол)
  • производство или трговија која вклучува загрозени видови;
  • производство на тутун;
  • претпријатија или лица инволвирани во дејности со казино, шпекулации со валути, инвестирање и шпекулации со хартии од вредност од било кој вид, или купување и продажба на недвижности за шпекулативни цели.

Ќе избегнуваат финансиски проекти со висок еколошки ризик (прочитај повеќе). Подпроектите кои ќе се финансираат со подзаемите треба да се дизајнираат во согласност со и да бидат консистентни со соодветните еколошки, здравствени сигуроносни стандарди вклучувајќи ги важечките еколошки закони и прописи на Македонија.

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.