Карактеристики

Master Card Contactless ќе ви го направи денот  побрз,  но најголемите предности се: некористењето на  ПИН код,  некористењето на  потпис при плаќањето , нема потреба од  потврда за трансакцијата при плаќање со овој тип на картичка.

Само допирот на картичката до бесконтактниот ПОС терминалот е доволен, Бесконтакните трансакции се лимитирани до 1.200,00 мкд.  За секоја трансакција над лимитот за бесконтактно плаќање потребен е ПИН код.

Со користење на MasterCard Contactless кредитните картички, Вие ќе бидете  дел од уникатната бонус програма  што ви озвозможува прибирање  на бонус поени и нивно користење во секојдневното пазарување. Со плаќањата на рати  вашите желби стануваат реалност.

MasterCard Contactless  кредитните картички даваат можност за користење на расположливите средства од Вашиот револвинг кредитен лимит и пристап до истите 24/7.

Наменета е за бесготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за транакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code)

Можете веднаш да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје преку следнава Апликација.

Доколку Би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје.

Предности

Плаќање  на минимален долг од 5%.

Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.

Безконтакните трансакции се лимитирани до 1200 мкд. За секоја трансакција над лимитот за безконтактно плаќање потребен е ПИН код.

Собирање и користење на бонус поени (0,5% од сите трансакции направени преку кредитна картичка на пос терминал на Халкбанк АД Скопје) и користење на поените при плаќања на пос терминали на Халкбанк А.Д Скопје.

Можности за купување со попуст кај одредени партнери на Халкбанк АД Скопје.

Можност за брзи бесконтактни трансакции на пос терминали за Халкбанк АД Скопје.

За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура.

Провизии

Каматна стапка 12,00%
Кредитен лимит До 100.000,00 МКД или по одлука Менаџментот
Подигање на готовина преку банкомат на Халкбанк АД 2,50 % минимум 150 МКД 
Подигање на готовина преку шалтерите на Халкбанк АД 3,00 % минимум 200 МКД 
Подигање на готовина преку други банкомати 3,00 % минимум  200 МКД 
Годишна членарина за кредитна картичка Без надомест за првата година, 1200,00 МКД за секоја следна
Годишна членарина за дополнителна кредитна картичка Без надомест за првата година, 600,00 МКД за секоја следна
Реобнова поради оштетена кредитна картичка 300,00 МКД 
Надомест за итно издавање на кредитна картичка 600,00 МКД 
надомест за издавање на фактура за кредитна картичка Без надомест
Надомест за Блокирање на картичка Без надомест
Надомест за деблокирање на картичка 60,00 МКД 
Надомест за неоснована рекламација 600,00 МКД 
Надомест за известување за ненавремено плаќање 100,00 МКД 
Каматна листа за посебни таргетни групи
СОНК 10%
Пензионери 10%
Членови на УПОЗ 10%
Лица со посебни права 10.5%

Најчесто поставувани прашања

Како можете да аплицирате за кредитна картичка?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје  каде ќе мора да се процени вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.

Потребна документација?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од сметка за последни три месеци
  • Копија од лична карта
  • Траен налог
  • За приватни институции дополнително потребно е: М1/М2 образец заверен од работодавачот

Како можете да плаќате долг по кредитна картичка(автоматски)?

Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД можете да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.

Кoлку долго трае процедурата за издавање на нова картичка?

Процедурата одзема  2 работни дена  за картичката да биде доставена  до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне , и за истото ќе биде известен преку СМС.

Како може да добијам фактура за кредитната картичка преку e-mail?

Потребно е само да ги известите колегите во филијалата/експозитурата за mail адресата на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и да се достави фактура секој месец на наведената адреса.

Аплицирај

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.