Општо

Благодарение на долгогодишната успешна соработка со Европскиот фонд за југоисточна Европа (ЕФСЕ), Халкбанк АД Скопје склучи нова долгорочна кредитна линија од 10 милиони евра со која ќе обезбеди финансирање на микро и малите претпријатија, како и финансирање за подобрување на домувањето.

Оваа кредитна линија ја зајакнува способноста на Халкбанк да понуди соодветно структурирани кредитни производи за домување, наменети за  население, како и да обезбеди долгорочни инвестициски кредити кои ќе ги задоволат финансиските потреби на микро и малите  претпријатија.

 

Услови за кредит

Кредитот е наменет за кредитирање на приватни микро и мали претпријатија (ММП) и претприемачи кои се регистрирани на територијата на Република Македонија.

Предмет на кредитирање:

  • Обртни средства (набавка на суровини, трговска стока или други материјали);
  • Основни средства (опрема, машини, инсталации, конструкции,реновирање и модернизација на работни објекти  и производствени погони и други инвестиции).

Износ на кредитот: до 50.000 ЕУР.

Каматна стапка: 

  • 7,9% на годишно фиксна за краткорочни кредити oд 0,00 до 25.000 ЕУР;
  • 7,9% + 6 м ЕУРИБОР за долгорочни кредити oд 0,00 до 25.000 ЕУР;
  • 6,9% на годишно фиксна, за краткорочни кредити од 25.001 ЕУР до 50.000 ЕУР;
  • 6,9% + 6 м ЕУРИБОР за долгорочни кредити од 25.001 ЕУР до 50.000 ЕУР.

Рок на отплата:

  • до 36 месеци, за обртни средства;
  • за основни средства, не подолго од 30.11.2024 година.

Грејс период:

  • до 6 месеци, за обртни средства;
  • до 12  месеци, за основни средства.

Начин на отплата:

  • Месечни ануитети и револвинг за краткорочни кредити;
  • Месечни ануитети за долгорочни кредити;

Надомест за обработка:

  • 0,50% за обртни средства (кредити до 12 месеци рок на отплата);
  • 1% за основни средства (кредити над 12 месеци рок на отплата).

Обезбедување: Комбинација од следните инструменти: Хипотека на недвижен имот, Залог на подвижни предмети и права, Жиранти, Фирми гаранти и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.

Бидете информирани за

КРЕДИТ СО ДЕПОЗИТ

Земи
Кредит со депозит

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.