ХАЛКБАНК А.Д. Скопје

* ХАЛКБАНК А.Д. Скопје е растечки, но стабилен бренд кој делува остварувајќи ја својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги.

ХАЛКБАНК АД, Скопје е основана на 15.03.1993 година како Акционерско друштво и универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Р. Македонија, со доминантна активност во работа со депозити, кредитирање на правни лица и население, девизно-валутни работи, платен промет во земјата и странство, инструменти со фиксен принос, гаранции и акредитиви.

Иновативноста во процесите и услугите е една од најсилните карактеристики на ХАЛКБАНК АД Скопје. Преку употреба на прилагодени стратегии, создавајќи производи и услуги за микро клиенти, ХАЛКБАНК АД Скопје стана лидер во проширување на визијата на банкарскиот систем во Македонија. Кредитните овластувања, за прв пат воведени од страна на ХАЛКБАНК АД Скопје, претставуваат уште еден чекор напред во доменот на банкарските услуги во Македонија.

Сакајќи да се доближи до своите клиенти и да им обезбеди брза и достапна услуга, ХАЛКБАНК АД Скопје започна да го користи принципот на банки во мало и стана првата банка која го промени начинот на работење насочувајќи се кон потребите на клиентот, наместо класичното насочување кон производ. Фокусирајќи се на четири области: стратегија, организациска структура, ефикасност на филијали и маркетинг, ХАЛКБАНК АД Скопје е пионерот во трансформација на процесот "from teller to seller". ХАЛКБАНК АД Скопје исто така е заслужна за развојот на костумизирани производи во банкарскиот систем во Македонија.

ХАЛКБАНК АД Скопје користи маркетинг пристап кој генерира се повеќе задоволни клиенти, истовремено користејќи го принципот на високо развиени односи со своите клиенти, градејќи цврсти и долгорочни односи со истите. Банката етаблираше сопствен систем за процесирање на картички- прв на македонскиот пазар кој на клиентите им нуди можност за бесконтактно плаќање, по што следуваше лансирањето на Master Card PayPass платежната картичка.

ХАЛКБАНК АД Скопје е првата банка во Македонија која даде значење на стратегиите за управување со готовина преку воведување на решенија и сервиси приспособени на барањата на коминтентите, а со цел да им се овозможи максимална контрола врз нивните финансии.

Во рамки на македонскиот пазар, ХАЛКБАНК АД Скопје е препознатлива по иницирање брза и квалитетна услуга преку имплементација на нови, иновативни процеси како што се картичниот бонус програм, модернизираните АТМ и ПОС машини, електронското банкарство и е-трговија.

Банката има широка домашна и интернационална мрежа составена од 37 филијали низ Македонија и коресподентски односи со повеќе странски банки.

ХАЛКБАНК АД Скопје е банка со изграден имиџ на доверлива, иновативна, општествено одговорна и растечка банка со особена ориентираност кон клиентите. Покрај наведеното, Банката ужива долготрајни и изградени односи со интернационални финансиски институции преку кои обезбедува развојни фондови за националната економија.

Мисија

Да бидеме водечка банка, исполнувајќи ги сите услови на универзалното банкарство, силни и во производите и услугите за населението, и континуирано да создаваме дополнителни вредности за клиентите, акционерите и вработените преку ефикасна имплементација на сите банкарски услуги со свест и разбирање на своите општествени одговорности и должности.

Визија

Да бидеме регионална водечка банка за МСП која е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмираме силно присуство во услугите во доменот за население.

“Довербата на клиентот е нашето најценето средство”

ХАЛКБАНК Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.)

Turkiye Halk Bankası A.Ş. е доминантен акционер на ХАЛКБАНК АД Скопје и поседува 99.03% од вкупниот број на акции на Банката. ХАЛКБАНК е една од најголемите банки на турскиот пазар oснована во 1938 со цел поддршка на занаетчии и трговци и забрзување на економскиот развој на земјата. ХАЛКБАНК го доживува секој занаетчија, земјоделец и сопственик на мало, средно или големо претпријатие, кој создава вредности и креира нови вработувања како свој бизнис партнер. Денес, ХАЛКБАНК претставува стабилен и почитуван бренд со 77-годишна традиција и активно учествува во прогресот на Турција. Алоцирајќи 38,8% од вкупното кредитно портфолио на Банката кон малите и средни претпријатија, ХАЛКБАНК продолжува да биде нивниот примарен поддржувач во Турција.

Заклучно со септември 2016 г, ХАЛКБАНК делува на глобално ниво и има стабилен раст, со 956 домашни и 5 надворешни филијали, 3 содружништва во странство, 3.693 банкомати, 16.843 вработени, телефонски и е-banking платформи, мобилни банкарски апликации. Околу 48,9% од акциите на ХАЛКБАНК се во државна сопственост, а во поглед на поврат на капитал, во рамките на секторот Банката остварува највисока стапка на поврат.

 

Позиционирање и корпоративни вредности на ХАЛКБАНК:

  • Шеста најголема банка во поглед на вкупни средства,вкупни кредити и вкупни депозити,
  • Петта најразвиена мрежа на филијали и вработени, со најмалку една филијала во секој град во Турција,
  • Силна и стабилна база на депозити,
  • Ефективни алтернативни канали на дистрибуција,
  • Широко распространета база на клиенти,
  • Стабилно позиционирање во сите домени на банкарството употребувајќи успешни банкарски практики,
  • Силна капитализација,
  • Национален и интернационален кредибилитет,
  • Лидер во банкарски услуги за мали и средни претпријатија,
  • Долготрајна традиција,
  • Препознатлив и почитуван бренд,
  • Широк спектар на специјално дизајнирани производи.

www.halkbank.com.tr

Кодекс за корпоративно управување

Кодекс за корпоративно управување на Халкбанк АД, Скопје. (.pdf формат)

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.