Порака од Главниот Извршен Директор

Почитувани акционери, ценети клиенти,

Како иновативна и водечка банка во македонскиот банкарски систем, Халкбанк ја заврши 2017 година со успех како и во претходните години и обезбеди дополнителна вредност за реалната економија.

Главната цел на нашата банка која придава значење на квалитетот на услугите и на иновативните производи, е да биде во секое време достапна за нашите клиенти, да го олесни нивното работење и да им обезбеди непречена поддршка.

Халк Банка А.Д. Скопје која оваа година зад себе ја остави шестата година од своето работење во Македонија,  претставува една од водечките банки во секторот со вкупно 39 филијали, 499 вработени, 123 банкомати, 5815 ПОС терминали. Нашата банка, која изминатата година оствари раст од 18% во поглед на активата, односно од 582,5 милиони евра достигна 687,5 милиони евра, прерасна во четврта по големина банка во македонскиот банкарски сектор. Како резултат на овој напредок, од страна на Народна банка е прогласена за системски значајна банка во секторот.

Од нашето основање наваму, наша таргет група се малите и средни претпријатија (МСП) кои претставуваат камен-темелник на економијата. Халкбанк А.Д. Скопје, продолжува да ги поддржува сите сектори на економијата и сите бизнис слоеви како и да ја унапредува соработката со меѓународните финансиски институции како што се ЕИБ (Европската инвестициска банка), КфВ (Германска банка за развој) и ГГФ (Фонд за зелен раст) преку кои успеа да им обезбеди ресурси на фирмите во износ од 100 милиони евра.

И покрај политичката и економската несигурност од 2017 година, нашата Банка не ја изгуби својата верба во секторот и во Македонија и континуирано продолжи со своите кредитни активности. Како резултат на тоа, според официјалните податоци Халкбанк, со  остварениот раст од 19,3% прерасна во банка со најголем раст во секторот и достигна 455 милиони евра.

Во сегментот кредитирање на население, како банка која нуди кредитни производи по најповолни услови на пазарот за станбени кредити, нашата банка со нето раст од 26 милиони евра го зголеми износот на станбените кредити на 45 милиони евра. И во периодот што следува ќе продолжиме да ги поддржуваме сите проекти кои сметаме дека ќе бидат успешни и изводливи.

Изминатата година постигнавме успех и во однос на профитабилноста, при што добивката порасна за 14,8% и достигна 8,7 милиони евра.

Со инвестициите што ќе ги направиме во различни области во претстојниот период планираме да ја зголемиме разновидноста на услугите како и задоволството на корисниците да го издигнеме на највисоко ниво. Во оваа насока, целиме кон тоа да бидеме најпретпочитана банка во секторот, преку отворање на нови филијали во неколку градови и региони каде што нашата компанија не е лоцирана и со тоа да бидеме поблиску до нашите клиенти.

Бидејќи дигиталните и мобилните технологии во голема мера го прават животот полесен, ние како банка и во следните години планираме согласно навиките на нашите клиенти и нашата организациска структура да продолжиме со технолошките инвестиции кои обезбедуваат независност од времето и просторот и го олеснуваат нашиот живот.

Би сакал да им се заблагодарам на моите ценети колеги кои придонесуваат за растот и профитабилноста на нашата банка,  на членовите на Надзорниот одбор на банката,  на нашата матична банка која ни пружа континуирана поддршка и што е најважно на нашите клиенти кои избраа да работат со нас и посакувам 2018 за сите нас да биде година исполнета со здравје и успех.

Со почит,
Др. Билал Суџубаши

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.