ВАША МАЛА ФИЛИЈАЛА

За полесен и побрз пристап до услугите на ХАЛКБАНК А.Д СКОПЈЕ изработен е сет на мобилни апликации кои се бесплатно достапни за нашите клиенти . Со оглед на сеприсутноста на ваквите мобилните уреди (телефони, таблети) во секојдневниот живот, ваквиот сет на апликации Ви овозможува во било кое време и место да имате пристап до потребните банкарски услуги.

 Мобилно банкарство за физички лица

Најавувањето на апликацијата се врши со истото корисничко име и лозинка кои се користат за најава на е-банкинг сервисот. Доколку не сте корисник на електронско банкарство на Халкбанк за физички лица, можете да аплицирате во најблиската филијала.

Апликацијата може да се користи на таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем. Mожете бесплатно да ја преземете од App Store за IOS уреди или од Play Store за Андроид уреди.

Мобилно банкарство за правни лица

Ваквиот тип на мобилна апликација за прв пат се воведува во Македонија

Најавувањето на апликацијата се врши со корисничко име и лозинка кои сами ги креирате преку користење на постоечкиот е-банкинг сервис за правни лица. Доколку не сте корисник на електронско банкарство на Халкбанк за правни лица, можете да аплицирате во најблиската филијала.

Апликацијата може да се користи на таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем. Mожете бесплатно да ја преземете од App Store за IOS уреди или од Play Store за Андроид уреди.

  

Мејл адреса за контакт: Help24@halkbank.mk

Телефон: + 389 (0)2 3296 330

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.