Карактеристики

СМС услугата му овозможува на корисникот преку СМС порака да добие информација на мобилен телефон за секоја успешна или неуспешна трансакција со платежна картичка од Халкбанк АД Скопје реализирана преку АТМ, ПОС терминал и Интернет.

Известувањето ги опфаќа сите картички на подносителот на барањето – основни и дополнителни кредитни и дебитни картички издадени од Халкбанк АД Скопје

СМС пораката ги опфаќа моментално расположлива состојба на картичката, износот, местото и датумот на следните трансакции

  • подигнување на готовина на АТМ
  • Подигнување на готовина од ПОС терминал на шалтерите во Банките
  • Трансакција  на ПОС терминал
  • Интернет трансакции
  • Проверка на состојба на картичката на банкомат

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил :  help24@halkbank.mk

Предности

  • Заштита од злоупотреба

Во случај на добивање на СМС известување на трансакцијата која не е направена од Ваша страна  или од страна на имателите на дополнителните картички, треба веднаш да се блокира картичката на маил help24@halkbank.mk или на телефонскиот број 02-3296-330 (24/7)

  • Заштита од повеќекратно извршување на иста трансакција на ПОС терминали
  • Проверка на износот од извршената трансакција

Трошоци

Банката за костење на услугата пресметува и наплатува од трансакциаската сметка на корисникот месечен надомест во износ од 70,00 мкд

*Надоместокот е променлив согласно Тарифата на надоместоци и услуги на Халкбанк АД Скопје

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.