Најчесто поставувани прашања
Како можете да аплицирате за кредитна картичка?
Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде ќе мора да се процени вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање или преку онлине апликацијата.
Потребна документација?
Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
Извод од сметка за последни три месеци
Копија од лична карта
За приватни институции дополнително потребно е: М1/М2 образец заверен од работодавачот
Како можете да плаќате долг по кредитна картичка (автоматски)?
Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД можете да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време.
Кoлку долго трае процедурата за издавање на нова картичка?
Кога ќе се одобри барањето процедурата одзема 2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне, и за истото ќе биде известени преку СМС.
Како може да добијам фактура за кредитната картичка преку e-mail?
Потребно е само да ги известите колегите во филијалата/експозитурата за mail адресата на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и да се достави фактура секој месец на наведената адреса.
Важност на картичката ?
Валидноста на картичката е 3 години со можност за реиздавање.