09.05.2016

Тимот на Халкбанк со учество на Виз Ер Скопскиот Маратон

Тимот на Халкбанк на 8 мај во недела, учествуваше и успешно ја заврши трката на Виз Ер Скопскиот Маратон и докажа дека канцелариската работа на банкарите не ги спречува да бидат во добра форма и со одлична кондиција.

Повеќе од 30 вработени на Халкбанк беа дел од трката на 5км , додека останатите колеги ги бодреа маратонците на улиците на град Скопје.

За собирно место на тимот на ХалкБанк послужи филијалата на Халкбанк во Центар, до Градското Собрание и во непосредна близина на Порта Македонија како стартно место на трката. Во раните утрински часови тимот на Халкбанк по кратките подоготвки беше спремен за започнување на трката . Заедно со уште 7.000 учесници на овогодинешниот маратон, тимот на Халкбанк трчаше низ улиците на Скопје и ја заврши трката со освоено седмо место во тимската трка во категорија мажи и 26-то место во категорија жени.

Халкбанк постојано се грижи за здравјето и здравите навики кај своите вработени, преку постојано инволвирање на своите вработени во различни спортски и тимски активности.

Во делот на социјалната одговорност, Халкбанк постојано го става спортот во центарот на вниманието и дава поддршка на многу настани од спортски карактер, придонесувајќи за развојот на спортот во земјата.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.