17.04.2018

“СМАРТ КЕШ”

Повлекување готовина од АТМ без употреба на картичка.

Халкбанк за своите клиенти физички лица воведе нова функционалност наменета за лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка, за повлекување на готовина од банкоматите без картичка, со користење на електронското банкарство и мобилната апликација.

Услугата Смарт Кеш која  овозможува поголема флексибилност при користењето на готовина од страна на корисниците на електронско банкарство на Банката претставува новина на пазарот  и е првата воведена услуга од овој тип во Македонија.

Мобилниот телефон на корисникот на електронско банкарство се претвора во уред за подигнување готовина или пак, уред за праќање готовина на други лица, кои притоа и не мора да бидат клиенти на Халкбанк.

Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација го генерирате 10 цифрениот код кој  треба да се искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа. Истиот код може да се испрати на друго лице  кое може да го искористи кодот за да подигне готовина  од АТМ.

Повлекувањето готовина без картичка сега е можно со Халкбанк!

Повеќе информации за користењето на услугата СМАРТ КЕШ можете да најдете во следното Упатство.

*За активирање на услугата направете update на мобилната апликација.

Со почит,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.