01.10.2016

Известување за привремена релокација на Филијалата во Битола

Почитувани клиенти,

Со цел поефикасно да ги задоволиме Вашите потреби, Халкбанк АД Скопје започнува со проширување и модернизирање на Филијалата во Битола.

Би сакале да Ве известиме дека од 03 Октомври 2016 (Понеделник), филијалата ќе биде привремено релоцирана во зградата на “Пелистер”-Битола  на ул. Добривое Радосавлевиќ бр.3.

Поради технички и оперативни причини поврзани со привременото релоцирање на филијалата на ден 01 Октомври 2016 (Сабота), филијалата нема да работи.

Благодариме на довербата,

Ваша,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.