Безбедносни информации за корисникот

  • Потпишете ја Вашата картичка во делот на потпис веднаш по подигањето 
  • Внимателно проверувајте ги месечните фактури, дури и ако не сте ја користеле картичката некој месец. Во случај кога има сомнеж дека некоја трансакција не направена од Ваша страна, веднаш известете не или посетете некоја наша филијала за да се провери валидноста на трансакцијата
  • Ве молиме благовремено известувајте ја Банката за Вашите лични промени( презиме, адреса, телефонски контакт и сл)
  • Внимателно следете ги процесите при плаќање со Вашата картичка и инсистирајте картичката веднаш да Ви биде врачена по завршувањето на трансакцијата. 
  • Внимателно следете ги  процесите при плаќање со Вашата картичка и инсистирајте картичката веднаш да Ви биде врачена по завршувањето на трансакцијата. 
  • Пред употреба на картичката на банкомат, осигурајте се дека нема никој позади Вас 
  • Следете ги Инструкциите прикажани на екранот на банкоматот
  • Не прифаќајте помош од други лица додека ја користите картичката на банкомат. 
  • Доколку не сте сигурни за валидноста на некој од банкоматите, веднаш напуштете ја локацијата.
  • Во случај Вашата картичка да биде украдена или изгубена, веднаш обратете се на следниот телефонски број 02/3296-330 HALKBANK Contact Center 24/7 
  • Проверете ја валидноста на Вашата картичка. Кога картичката истекува, Банката автоматски реиздава нова, а реиздадената картичка можете да ја подигнете на крај на месецот кога предходната истекува.
  • Внимавајте на сигурноста на Вашата кредитна картичка. Не ја експонирајте на места од каде би можела да биде украдена и не ја давајте на други лица
  • Доколку трипати го погрешите пин кодот, Вашата кредитна картичка ќе Ви биде одземена. За повторно нејзино подигање, Ве молиме обратете се во Банка.
  • Кога користите банкомат, доколку не ја повлечете готовината или картичката во период од 20 сек, банкоматот ќе ги повлече назад од безбедносни причини
  • Чувајте ги извештаите од банкоматите и споредете ги со фактурата добиена од банка. Доколку некој износ не е точен или постои сомнеж, Ве молиме веднаш известете ја банката.
  • Вршете проверка на потврдите во продавниците и износите на ПОС терминалите кои ги користете за плаќање со цел да се потврдите за трансакцисјата која ќе следи .
  •  Интернет плаќања - Купувајте кај трговци за кои имате информација дека постојат. Не внесувајте податок за ПИН-от. Осигурајте се дека податоците внесени од Вашата картичка се  заштитени пред вршење на трансакцијата. Во левиот агол на web страната би требало да постои симбол lock или  caps lock што потврдува дека страницата е безбедна. Секогаш читајте ги Процедурите на испорака на web страницата каде што вршите интернет плаќање.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.