Овластено лице за прием на
пријави од укажувачи
Заштитено внатрешно пријавување се врши во Банката ако има разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.
Во својство на укажувач може да се јави лице кое:
- има засновано работен однос на неопределено или определено време во Банката;
- е кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во Банката;
- по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа во Банката;
- по било кој основ е или било во деловен однос или друг основ на соработка со Банката;
- користи или користело услуги на Банката.
Лице за контакт: Санида Ѓул
Телефон за контакт: +389 (0) 71 345 954 - (пон-петок од 08:30-16:30)
Поштенска адреса за контакт за прием на пријави:
Халкбанк АД Скопје
ул. Водњанска бр. 1/2
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Електронска пошта за прием на пријави: ukazuvanje@halkbank.mk