Информации за користење

Клиентите правни лица може да аплицираат за користење на дебитни или кредитни деловни платежни картички.

Дебитните и кредитните платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје се меѓународни платежни картички и поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Visa Secure  и Mastercard Identity check).

Деловна дебитна  платежна картичка е поврзана со платежната сметка на клиентот во банката. Важноста на дебитната платежна картичка е  5 години со можност за реиздавање.

За користење на деловна кредитна платежна картичка за клиентот се проверува кредитоспособноста и се одобрува кредитен лимит. Револвинг кредитната картичка функционира на принцип на месечна отплата од износот на користениот кредит во тековниот месец. Важноста на  деловната кредитна платежна картичка е 1 година.

Можност за  повлекување готовина на АТМ, плаќање на ПОС терминали и можност за интернет плаќање.

Платежните картички овозможуваат брзо и лесно бесконтактно плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за  платежни трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000 денари ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни платежни картички.

Имплементирана е засилена автентикација за трансакции на ПОС терминали со дебитни и кредитни платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје.

Внес на ПИН код на ПОС терминалот ќе биде побаран во следните случаи на бесконтактни платежни трансакции:

  • кога поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција надминува 2.000 денари
  • кога вкупниот износ на претходните бесконтактни платежни трансакции (кои биле авторизирани без ПИН код) надминува износ од 9.000 денари
  • кога бројот на последователни бесконтактни платежни трансакции(кои биле авторизирани без ПИН код )  е поголем од пет

Деловна платежна картичка може да се издаде на неколку корисници и за секоја картичка издадена е можно да се дефинира лимит на потрошувачката на дневна и месечна основа во земјата и во странство. Управителот го поднесува барањето за измена на лимити во филијала/експозитура на Банката.

За да бидете информирани за секоја Ваша платежна трансакција преку СМС инфо може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје.

Клиентот кога ќе поднесе барање за платежната картичка ќе биде информиран преку СМС порака дека е испечатена платежната картичка и во која филијала/експозитура да ја подигне. Процедурата трае од 3-5 работни дена.

Безбедносни информации за
бизнис платежни картички

Ве молиме навремено ажурирајте ги Вашите лични податоци во Банката за Вашите лични промени (презиме, адреса, телефонски контакт и сл)

Не го откривајте Вашиот ПИН код и чувајте го одделно од Вашата платежна картичка.

Доколку трипати го погрешите ПИН-от Вашата платежна картичка ќе ви биде привремено блокирана. За повторно нејзино активирање, Ве молиме обратете се во најблиската филијала/експозитура за да внесете нов ПИН.

Во случај Вашата платежна картичка да биде украдена или изгубена, веднаш обратете се на следните телефони 02/3296-330 или на маил help24@halkbank.mk

Внимателно следете ги процесите при плаќање со Вашата платежна картичка и инсистирајте платежната картичка веднаш да ви биде врачена по завршувањето на платежната трансакција.

Пред употреба на платежната картичка на банкомат, осигурајте се дека нема никој позади вас.

Следете ги инструкцииите прикажани на екранот на банкоматот.

Не прифаќајте помош од други лица додека ја користите платежната картичка на банкомат.

Доколку не сте сигурни за валидноста на некој од банкоматите, веднаш напуштете ја локацијата и јавете се во контакт центарот на Халкбанк АД Скопје Help24/7- 02/3296-330 за проверка на Вашата платежна картичка.

За реиздадена платежна картичка Банката Ве информира со СМС порака за да може да ја подигнете од филијалата/екпозитурата каде што е доставена. Реиздадената платежна картичка можете да ја подигнете на крај на месецот кога претходната пластика Ви истекува.

Во случај кога има сомнеж дека некоја платежна трансакција не е направена од Ваша страна, веднаш известете нé или посетете некоја наша филијала за да се провери валидноста на платежната трансакција.

Внимавајте на сигурноста на Вашата платежна картичка. Не ја експонирајте на места од каде би можела да биде украдена и не ја давајте на други лица.

Доколку трипати го погрешите ПИН-от на АТМ Вашата платежна картичка ќе Ви биде одземена. За повторно нејзино подигање, Ве молиме обратете се во Банка.

При користење на банкомат, доколку не ја повлечете готовината или платежната картичка во период од 20 секунди, банкоматот поради безбедносни причини ќе ги повлече назад.

Деловни  
платежни картички

За успешно извршување на Вашите трансакции потребно е да го имате ажурирано Вашиот мобилен телефон. Истиот може да го ажурирате онлајн, во најблиската филијала или да се јавите во Контакт центарот на Халкбанк АД Скопје 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330.

дознај повеќе
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Важност на Деловни платежни картички?

  • Дебитните платежни картички се издаваат со важност од 5 години со можност за реиздавање.
  • Кредитните платежни картички се издаваат со важност од 1 година.

Како може да се аплицира за деловна дебитна платежна картичка?

Може да се аплицира преку онлајн апликацијата или да ја посетите најблиската филијала/експозитува на Халкбанк АД Скопје.

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за деловна дебитна картичка потпишана од управителот на фирмата и копија од лична карта и потпис на корисникот на платежната картичка.

Како може да се аплицира за деловна кредитна платежна картичка?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанка АД каде ќе мора да се процени Вашата кредитоспособност или да поднесете апликација преку веб страната на Халкбанк и одговорното лице да Ве контактира.

Дали услугата Lounge Key е достапна за корисниците за деловните платежни картички?

Халкбанк АД Скопје на корисниците на Mastercard Business Credit им овозможува членство во Lounge Key програмата. Бесплатен пристап до повеќе од 1500+ Airport Lounge Key салони ширум светот за имателот на картичката и еден сопатник. Бројот на посети во текот на една календарска година е ограничен на 4 (четири) посети.