Клиентите правни лица може да аплицираат за користење на дебитни или кредитни деловни платежни картички.
Дебитните и кредитните платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје се меѓународни платежни картички и поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Visa Secure и Mastercard Identity check).
Деловна дебитна платежна картичка е поврзана со платежната сметка на клиентот во банката. Важноста на дебитната платежна картичка е 5 години со можност за реиздавање.
За користење на деловна кредитна платежна картичка за клиентот се проверува кредитоспособноста и се одобрува кредитен лимит. Револвинг кредитната картичка функционира на принцип на месечна отплата од износот на користениот кредит во тековниот месец. Важноста на деловната кредитна платежна картичка е 1 година.
Можност за повлекување готовина на АТМ, плаќање на ПОС терминали и можност за интернет плаќање.
Платежните картички овозможуваат брзо и лесно бесконтактно плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.
Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за платежни трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000 денари ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни платежни картички.
Имплементирана е засилена автентикација за трансакции на ПОС терминали со дебитни и кредитни платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје.
Внес на ПИН код на ПОС терминалот ќе биде побаран во следните случаи на бесконтактни платежни трансакции:
- кога поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција надминува 2.000 денари
- кога вкупниот износ на претходните бесконтактни платежни трансакции (кои биле авторизирани без ПИН код) надминува износ од 9.000 денари
- кога бројот на последователни бесконтактни платежни трансакции(кои биле авторизирани без ПИН код ) е поголем од пет
Деловна платежна картичка може да се издаде на неколку корисници и за секоја картичка издадена е можно да се дефинира лимит на потрошувачката на дневна и месечна основа во земјата и во странство. Управителот го поднесува барањето за измена на лимити во филијала/експозитура на Банката.
За да бидете информирани за секоја Ваша платежна трансакција преку СМС инфо може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје.
Клиентот кога ќе поднесе барање за платежната картичка ќе биде информиран преку СМС порака дека е испечатена платежната картичка и во која филијала/експозитура да ја подигне. Процедурата трае од 3-5 работни дена.