Карактеристики

Сите бизнис зделки бараат сигурност, ефикасност и взаемна почит. Партнери во овие трансакции првенствено се Банката и нејзините клиенти. Со цел да се заштитат интересите на клиентот, Банката го нуди својот кредибилитет, вештини и модерна комуникациска технологија, во земјата и во странство. Деловната стратегија на Банката кај овие производи се базира на брз и сигурен сервис на клиентот со цел да придонесе за компетентно вршење на услугите, со што се обезбедува подобар резултат во работењето на клиентот.

Денарската гаранција е писмен документ со кој Банката - гарант се обврзува дека безусловно и неотповикливо ќе изврши плаќање на одредена сума во корист на корисникот на гаранцијата.
Според потребите на клиентот Халкбанк АД Скопје ги издава сите типови на денарски гаранции: царинска гаранција, гаранција за авансно плаќање, тендерска гаранција, платежна гаранција, гаранција за квалитетно извршување, итн.
Ако продавате производи, услуги, учествувате на тендери, изведувате работи, вршите авансни плаќања, инсталирате нова опрема и сте се согласиле за извршување на работите да обезбедите банкарска гаранција, во Халкбанк АД Скопје може да аплицирате за денарска гаранција по конкурентни услови на пазарот во однос на провизии, надоместоци и обезбедување.
Гаранцијата се издава во хартиена форма на меморандум на Банката или во електронска форма потпишана со дигитален сертификат. Гаранцијата издадена во електронска форма од Халкбанк АД.Скопје е потпишана со 2 (два) електронски потписи (задолжително два потписи заедно) во форма на дигитален сертификат од овластените лица. Овластени лица носители на дигитален сертификат наменет за потпис на гаранциите во електронска форма се: Ристе Војнески, Абдула Иљази, Панче Станков, Марко Поповски, Јелена Стојанов, Марија Кироска- Јовческа, Владо Ковачевски

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.

Слични кредити
за вашите потреби