Платни налози
Имате можност да го преземете (download) и пополнeте (подржано со Adobe Acrobat Reader) само горниот дел од платниот налог во PDF формат, со електронско внесување на податоците.
Потребно е образецот да се отпечати на бел лист хартија во А4 формат. На листот ќе се отпечатат два идентично пополнети обрасци во А5 формат.
Двата идентични налози треба да бидат потпишани од овластеното лице за располагање со платежната сметка – едниот примерок за Корисникот, а другиот за Банката.
Двата идентични налози се доставуваат во Банката за заверка, со што се потврдува приемот на платниот налог.
Кредитен трансфер во денари - КТД
Кредитен трансфер кон буџетските корисници-КТБ
Кредитен трансфер со странство - КТС
Внесување готовина - ВГ
Повлекување готовина - ПГ
Збирен кредитен трансфер - ЗКТ