Карактеристики

Флекси депозит – можност да уплаќаш и повлекуваш во секое време од твојата депозитна сметка и да добиваш камата согласно износот и деновите во кои средствата биле орочени.

Начин на отварање: На шалтерите на Филијалите/Експозитурите
Минимален износ за отворање и одржување на депозитот:  30.000 МКД / 500 ЕУР
Максимален износ на вложување на депозитот:  Неограничено
Начин на исплата на камата:  Рочна (на крај на рок на орочување)
Тип на каматна стапка:  Фиксна
Валута на орочување:  МКД и ЕУР
Рок на орочување:  12, 24 и 36 месеци
Метод на пресметката на камата:  Пропорционален (28-31/365-6)
Реорочување:  При доспевање депозитот не се реорочува
Дополнителни уплати:  Можност за повеќекратни и неограничени износи на дополнување на средства (уплатите може да се прават преку шалтерите на банката, преку електронско банкарство и со отворање на траен налог).
Делумни исплати:  Можност за повеќекратни повлекувања од депозитната сметка, до минимилниот износ за одржување на депозитот т.е. 30.000 МКД / 500 ЕУР со цел пресметка на договорна камата (исплатите се овозможени преку шалтерите на банката и преку електронско банкарство).

Предвремено раскинување

е дозволено. Предвремено раскинување се смета доколку депозитот се повлече пред истекот на рокот на доспевање на депозитот или доколку условот за одржување на минимален износ за одржување на депозитот не се исполни во времетраењето на договорот. Во овие случаи Договорот се смета за целосно раскинат и се пресметува камата по видување, т.е. 0%.

Каматна стапка

се состои од основна каматна стапка и стимулативен додаток во процентни поени и истите се фиксни при склучување на Договорот. Стимулативниот додаток е формиран во рангови и зависи од висината на износот на паричниот депозит. Каматната стапка согласно износот на депозитот ќе се зголемува или намалува со преминот на депозитот од еден во друг ранг. Каматата се пресметува на дневно ниво, а се исплаќа на денот на доспевање на депозитот.

КАМАТНИ СТАПКИ

Каматни стапки за денари

Износ ( во рангови МКД) 12 месеци 24 месеци 36 месеци
од 30.000 до 300.000 МКД 0,70% 1,40% 1,80%
од 300.001 до 900.000 МКД 0,80% 1,50% 1,90%
над 900.001 МКД 0,90% 1,60% 2,00%

Каматни стапки за евра

Износ ( во рангови ЕУР) 12 месеци 24 месеци 36 месеци
од 500 до 5.000 ЕУР 0,50% 0,90% 1,30%
од 5.001 до 15.000 ЕУР 0,60% 1,00% 1,40%
над 15.001 ЕУР 0,70% 1,10% 1,50%

Со премин од еден во друг ранг се пресметува прикажаната каматната стапка на дневно ниво