Е-банкарство

Електронското банкарство за физички лица нуди многу погодности и слобода во користењето на банкарски услуги. Со електронското банкарство ви е овозможено лесно и безбедно вршење на трансакции и ефикасно менаџирање на вашите сметки и останати банкарски производи 24/7.

Предности

Едноставна за користење

Пониски надоместоци за трансакции отколку на шалтер

Проверка на вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити 24/7

Максимална безбедност

Преглед за реализирани трансакции за одреден период

Изводи од Вашите сметки 

Превземање на амортизационен план од кредитот во PDF форма

Превземање на PDF налог

Инструкции за извршување на девизни плаќања

Статус на картичките - Активна/Блокирана

Извештај за надоместоци: Преглед и преземање на годишниот извештај

Онлајн аплицирање за производи

Мобилно банкарство

Мобилното банкарството за физички лица нуди многу погодности и слобода во користењето на банкарски услуги. Со мобилното банкарство ви е овозможено лесно и безбедно вршење на трансакции од било каде и во било кое време, како и ефикасно менаџирање на вашите сметки и останати банкарски производи 24/7.

Предности

Едноставна за користење

Пониски надоместоци за трансакции отколку на шалтер

Проверка на вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити 24/7

Максимална безбедност

Известувања за приливи и одливи - Push нотификации

Преглед за реализирани трансакции за одреден период

Изводи од Вашите сметки 

Превземање на амортизационен план од кредитот во PDF форма

Превземање на PDF налог

Инструкции за извршување на девизни плаќања

Статус на картичките - Активна/Блокирана

Лоцирање на најблиски банкомати и филијали

Потпишување на налог со биометрија

Брзи плаќања – шаблонски налози

Извештај за надоместоци: Преглед и преземање на годишниот извештај

дознај повеќе
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Како може да аплицирам за електронско и мобилно банкарство?

За електронско банкарство може да аплицирате на два начини. Со посета на најблиската филијала каде се поднесува барање или целосно онлајн на следниот линк.

По аплицирањето во филијала и потпишување на договор или успешно онлајн аплицирање,во рок од 24 часа на Вашата регистрирана е-мејл адреса ќе пристигне PDFдокумент со личен идентификациски број (ЛИБ токен) кој се користи за активација на токен за да започнете со користење на услугата електронско и мобилнио банкарство.

ПФД документот е заштитен со лозинка, која истовремено Ви се испраќа по СМС порака на Вашиот телефонски број.

Ве молиме зачувајте го ЛИБ бројот и лозинката за понатамошна употреба, во случај на бришење на токенот или промена на уред.

Потребна документација?

Со цел да добиете пристап до електронското и мобилното банкарство потребно е да се потпишат следните документи:

  • Барање за користење на електронско банкарство за физички лица.
  • Договор за користење на електронско банкарство за физички лица.

Дали е потребно посебно да се аплицира за електронско и мобилно банкарство?

Со единствена апликација добивате целосен пристап до електронското и мобилното банкарстве истовремено со сите функционалности како увид на сметка , плаќање налози, онлајн производи и др