Без трошоци

за обработка

Поволни каматни

стапки

Флексибилни опции за

животно осигурување

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити за прво купување/изградба на стан/куќа обезбедени со полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје или полиса од незгода издадена од ХАЛК Осигурување АД Скопје.

Кредитот можете да го користите за купување или изградба на стан/куќа. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Предности

Станбен кредит во денари, обезбеден со животно осигурување или со полиса од незгода кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Станбениот кредит со девизна клаузула во ЕУР кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании.

Полиса живот

Износ: до 400.000 ЕУР
Максимален рок: до 360 месеци
Грејс период: : до 12 месеци

Каматна стапка: 2,9% фиксна каматна стапка за првите 10 години

За остатокот од периодот 2,5 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор кој во моментот изнесува 2,519% (5,019%), не пониско од 4,5%

Доколку 6 месечниот ЕУРИБОР е со негативна стапка,истиот се пресметува еднаков на 0.

Провизија за обработка на кредитот 0% од износот на кредитот;
Учество: минимум 10% учество;
Кредитна способност: до 50% од месечни примања (со можност за кокредитобаратели);

За приматели на плата во Халкбанк АД Скопје или лица кои ќе ја префрлат платата во Халкбанк АД Скопје.

Трошоци за кредитот

  • 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
  • 500 мкд - апликација за кредит,
  • Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје со можност за еднократна и месечна уплата на премија за животно осигурување (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот)
  • Обезбедување:

    • Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.
    • Надомест за предвремена отплата на кредит: За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата.
      Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист

На 01.01 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен Еурибор на 01.12 од претходната година зголемен за процентни поени.

На 01.07 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен Еурибор на 01.06 од тековната година зголемен за процентни поени.

Опции за животно
осигурување

Ризико осигурување на живот на корисници на кредит со еднократна уплата на премија

  • Висината на премијата се утврдува на база на висината на издадениот кредит и возраста на корисникот на кредитот, во согласност со тарифата на осигурувачот Триглав Осигурување Живот АД Скопје .
  • Осигурената сума може да биде од 60% до 100% од висината на исплатениот станбен кредит и опаѓа годишно, согласно амортизациониот план на кредитот.
  • На барање на клиентот во полисата може да биде вклучено уште едно лице кое е поврзано со кредитот како гарант / жирант / кокредитобарател.
  • Минимум учество за кредит 10%.

Ризико осигурување на живот на корисници на кредит со месечна уплата на премија

  • Висината на премијата се утврдува на база на висината на издадениот кредит и возраста на корисникот на кредитот, во согласност со тарифата на осигурувачот Триглав Осигурување Живот АД Скопје .
  • Осигурената сума може да биде од 60% до 100% од висината на исплатениот станбен кредит и опаѓа годишно, согласно амортизациониот план на кредитот.
  • На барање на клиентот во полисата може да биде вклучено уште едно лице кое е поврзано со кредитот како гарант / жирант / кокредитобарател.
  • Минимум учество за кредит 10%.

Осигурување на живот со фиксна осигурена сума во случај на смрт со 30% поврат на платената премија на истек на полисата

  • Осигурената сума може да биде еднаква или до 60% од висината на исплатениот станбен кредит и е фиксна за целовреметраење на кредитот. При доживување и исплата на станбениот кредит, клиентот добива поврат на средства во износ од 30% од уплатената премија.
  • Месечно плаќање на премијата, осигурувањето започнува да важи од првата уплатена рата;
  • Во случај на смрт на осигуреникот за времетраење на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на Банката да и ја исплати осигурената сума за случај на смрт без разлика на бројот на уплатени рати.
  • Минимум учество за кредит 10%

Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт за кредити со рок на отплата до 25 години

  • Осигурената сума може да биде еднаква или до 60% од висината на исплатениот станбен кредит и е фиксна во целовреметраење на кредитот, а при доживување и исплата на кредитот, клиентот добива поврат во износ од 50% од осигурената сума.
  • Месечно плаќање на премијата, осигурувањето започнува да важи од првата уплатена рата;
  • Во случај на смрт на осигуреникот, за времетраење на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на Банката да и ја исплати осигурената сума за случај на смрт без разлика на бројот на уплатени рати.
  • Минимум учество за кредит 10%

* 3,79% СВТ за износ на кредит од 75.000 еур, каматна стапка 2,9% фиксна за првите 10 години, 5,019% варијабилна за остаток од период, рок на отплата 360 месеци, трошок за апликација од 500 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД. *Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката.

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

Слични кредити
за вашите потреби