Избери кредит по твоја мерка

дознај повеќе
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Како да аплицирам за кредит?

Наједноставно, кога веќе сте тука на нашата ВЕБ страна, е да аплицирате онлајн преку пополнување на формата за апликација за конкретниот кредит кој ве интересира, на самата ВЕБ страна. Доколку имате наше  електронско банкарство, тоа може да го направите и преку истото. А секако, може и да ја посетите нашата најблиска филијала до Вас и да го завршите процесот преку директна интеракција со вработените на Халкбанк.

Кои услови треба да ги исполнам за да ми се одобри кредит?

Потребно е да сте во редовен работен однос со редовни месечни примања, да имате добра кредитна историја и да сте полнолетен. А во рамките на максималната возраст при отплата на кредит, како и во зависност од видот и износот на кредитот, може да се бара и гарант, хипотека или друго обезбедување.

Која е каматната стапка и дали е фискна или варијабилна?

Каматната стапка варира во зависност од производот. Постојат фиксни стапки (кои остануваат исти во текот на целиот предвиден период) и променливи (кои се менуваат според движењето на референтните каматни стапки). При аплицирање за конкретниот кредит, ќе добиете точна пресметка со сите трошоци поврзани со истиот земајќи ги предвид каматните стапки кои се актуелни за неговата понуда.

Колку време е потребно за одобрување на кредит?

Времетраењето зависи од видот на кредитот и комплетноста на доставената документација. Потрошувачките кредити најчесто се одобруваат за 1–3 работни дена, додека за станбени и хипотекарни кредити, процесот на одобрување може да потрае подолго, поради потребните проверки и активности кои треба да се завршат за истото.

Како да пресметам рата?

Зависи од видот на кредитот, наједноставно и најбрзо, тоа може да го пресметате преку нашиот онлајн калкулатор достапен на оваа ВЕБ страна.