Општи услови

Платежна сметка е сметка која ја одржува давателот на платежни услуги (Банката) на име на корисник на платежни услуги,
која се користи за извршување платежни трансакции.

Истата, може едноставно да биде отворена и преку OneID

Платежна сметка во денари

На платежната сметка во денари се евидентираат сите денарски платежни трансакции направени преку шалтерите на Банката,
преку интернет и мобилна апликација, дебитни картички или трајни налози.

Без надоместок за отворање и затворање на платежна сметка.
Можност за користење на платежни услуги ( дебитна картичка, кредитна картичка, електронско и мобилно банкарство, дозволено пречекорување)
Можност за активирање на траен налог

Кој може да отвори платежна сметка?

Физичко лице, со постојано место на живеење во Република Северна Македонија
Физичко лице, странски државјанин, кое согласно законската регулатива има третман на резидент, врз основа на еден од наведените документи :
  • важечка лична карта за привремен престој издадена од МВР на РСМ
  • Сертификат за слободен пристап до пазар на труд (за државјаните на Србија и Албанија)
  • “Отворен Балкан” издаден од Агенција за вработување на РСМ
Малолетни лица - се приложува извод од матична книга на родени на детето и физичко присуство на законски застапник/старател со важечки документ за лична идентификација
Лица со попреченост - со документација издадена од надлежна институција

Потребна документација за отварање сметка

Важечки документ за лична идентификација (извод за малолетни лица).
Апликација за ажурирање на физичко лице
Барање за отворање на платежна сметка за потрошувач резидент/ нерезидент
Рамковен договор за отворање, одржување и затворање на платежна сметка и други платежни услуги за физичко лице резидент/ нерезидент

Како може да располагам со средствата на мојата платежна сметка?

Средствата може да се користат преку:

Шалтерите на Банката (експозитури и филијали низ целата земја)
Со дебитните картички на сите банкомати во земјата.
Електронско и мобилно банкарство
Шалтерите на АД Пошта на Р.С. Македонија