Информации за користење

Клиентите физички лица може да аплицираат за користење на дебитни или кредитни платежни картички.

Дебитните и кредитните платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје се меѓународни платежни картички и поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Visa Secure и Mastercard Secure Code).

Дебитната платежна картичка е поврзана со платежната сметка на клиентот во банката.

Важноста на дебитната платежна картичка е  5 години со можност за реиздавање.

За користење на кредитна платежна картичка за клиентот се проверува кредитоспособноста и се одобрува кредитен лимит. Револвинг кредитната платежна картичка е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив, а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна платежна картичка. За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.

Кредитната платежна картичка може да се одобри на физички лица со редовни месечни примања – приматели или неприматели на плата/пензија во Халкбанк и/или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит. Во завосност од типот на кредитната платежна картичка.

Важноста на кредитната платежна картичка е 3 години со можност за реиздавање.

Можност за повлекување готовина на АТМ, плаќање на ПОС терминали и можност за интернет плаќање.

Дополнителни поволности со кредитните платежни картички:

  • Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.
  • Собирање бонус поени и нивно користење на мрежата на ПОС терминали на Халкбанк
  • Повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
  • 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
  • Можност за online аплицирање преку Електронско банкарство или Мобилната апликација на дел од кредитните платежни картички

Платежните картички овозможуваат брзо и лесно бесконтактно плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за платежни трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000 денари ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни платежни картички.

Имплементирана е засилена автентикација за трансакции на ПОС терминали со дебитни и кредитни платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје.

Внес на ПИН код на ПОС терминалот ќе биде побаран во следните случаи на бесконтактни платежни трансакции:

  • кога поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција надминува 2.000 денари
  • кога вкупниот износ на претходните бесконтактни платежни трансакции (кои биле авторизирани без ПИН код) надминува износ од 9.000 денари
  • кога бројот на последователни бесконтактни платежни трансакции(кои биле авторизирани без ПИН код )  е поголем од пет

Лимитот за плаќањето со платежните картички и сите извршени платежни трансакции клиентите може да ги следат и сетираат преку електронското или мобилно банкарство.

За да бидете информирани за секоја Ваша платежна трансакција преку СМС инфо може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје, да ја доставете на емаил: help24@halkbank.mk или да активирате преку електронското/мобилно банкарство.

Клиентот кога ќе поднесе барање за платежната картичка или кога ќе аплицира онлајн за платежна картичка ќе биде информиран преку СМС порака дека е испечатена платежната картичка и во која филијала/експозитура да ја подигне. Процедурата одзема од 3-5 работни дена.

Безбедносни информации и насоки за
користење на платежни картички

Ве молиме навремено ажурирајте ги Вашите лични податоци во Банката за Вашите лични промени (презиме, адреса, телефонски контакт и сл)

Не го откривајте Вашиот ПИН код и чувајте го одделно од Вашата платежна картичка

Доколку трипати го погрешите ПИН-от Вашата платежна картичка ќе ви биде привремено блокирана. За повторно нејзино активирање, Ве молиме обратете се во најблиската филијала/експозитура за да внесете нов ПИН.

Во случај Вашата платежна картичка да биде украдена или изгубена, веднаш обратете се на следните телефони 02/3296-330 или  на маил help24@halkbank.mk

Внимателно следете ги процесите при плаќање со Вашата платежна картичка и инсистирајте платежната картичка веднаш да ви биде врачена по завршувањето на платежната трансакција

Пред употреба на платежната картичка на банкомат, осигурајте се дека нема никој позади вас

Следете ги инструкцииите прикажани на екранот на банкоматот. 

Не прифаќајте помош од други лица додека ја користите платежната картичка на банкомат. 

Доколку не сте сигурни за валидноста на некој од банкоматите, веднаш напуштете ја локацијата и јавете се во контакт центарот на Халкбанк АД Скопје Help24/7- 02/3296-330 за проверка на Вашата платежна картичка.

Проверете ја валидноста на Вашата платежна картичка- Банката ја следи активноста на картичката последните 6 месеци и доколку сте ја користеле автоматски ќе реиздаде нова. За реиздадена платежна картичка Банката Ве информира со СМС порака за да може да ја подигнете од филијалата/екпозитурата каде што е доставена. Реиздадената платежна картичка можете да ја подигнете на крај на месецот кога претходната пластика Ви истекува.

Во случај кога има сомнеж дека некоја платежна трансакција не е направена од Ваша страна, веднаш известете нé или посетете некоја наша филијала за да се провери валидноста на платежната трансакција.

Внимавајте на сигурноста на Вашата платежна картичка. Не ја експонирајте на места од каде би можела да биде украдена и не ја давајте на други лица.

Доколку трипати го погрешите ПИН-от на АТМ Вашата платежна картичка ќе Ви биде одземена. За повторно нејзино подигање, Ве молиме обратете се во Банка.

При користење на банкомат, доколку не ја повлечете готовината или платежната картичка во период од 20 секунди, банкоматот поради безбедносни причини ќе ги повлече назад.

Интернет плаќања - купувајте кај регистрирани и верификувани Трговци.

Упатство 3D Secure

Во левиот агол на web страната би требало да постои симбол lock или caps lock што потврдува дека страницата е безбедна. Секогаш читајте ја Процедурата за испорака на web страницата каде што вршите интернет плаќање.

кредитни

платежни картички

дознај повеќе
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Важност на платежни картички?

  • Дебитните платежни картичка се издаваат со важност од 5 години со можност за реиздавање.
  • Кредитните платежни картичка се издаваат со важност од 3 години со можност за реиздавање.

Како може да се аплицира за платежна картичка?

Можност за аплицирање за платежни картички клиентите имаат:

  • преку веб страната на Халкбанк АД Скопје
  • електронското/мобилно банкарство или
  • во филијалите/експозитурите на Банката

Потребна документација за аплицирање на платежна картичка?

Колку време е потребно за изработка и издавање на платежната картичка?

Со одобрувањето на барањето процедурата за издавање на платежната картичка одзема 3-5 работни дена за да биде доставена до филијалата/експозитурата и клиентот ќе биде од каде известен преку СМС порака.

Како може да се искористат бонус поените?

Собраните поени искористете ги при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. 1 бонус поен е еднаков на 1 денар. Бонус програмата важи само за кредитни картички од брендот Mastercard и Visa за физички лица

Кога може да се користат услугите од Халк Асистенција?

За пријава на осигурениот случај (дефект на возило) и организирање на услугата за Асистенција на пат (помош на пат) е потребно да се јавите во Контакт Центарот на телефонскиот број +389 2 3181 364. Услугата на контакт центарот е достапна 24 часа на ден, во период на важност на полисата за осигурување и истиот е на трошок на корисникот на осигурување.

За корисници кои имаат издадено полиса пред 01.04.2026 заклучно со 31.03.2026, една година од денот на издавањето за да ја активираат услугата асистенција на пат потребно е да се јават на бесплатниот телефонски број 080022207 за повици од Северна Македонија или на +389232024037 за повици од странство. За овие корисници достапна е и мобилната апликација Drive Angels.

Дали корисникот на картичката мора да има сопствено возило за да може да ја активира услугата Халк Асистенција?

За корисници на Mastercard World дебитна картичка и Visa Travel кредитна платежна картичка

Не, пакетот Халк асистенција не се врзува за возило, тука за корисникот на основната кредитна картичка и може да се искористи за било кое комерцијално возило доколку имателот на Халк асистенција е присутен на настанот во возилото при кој може да се активира услугата (сообраќајна несреќа, откажување на возилото, невнимателно ракување и слично).

Каде и како може да се добие Drive Angel?

Drive Angel е составен дел од производот асистенција на пат и апликацијата може да се превземе преку Android или iPhone уред и потоа да се инсалира на мобилниот уред. На следниот линк е достапно упатството за инсталација. По започнувањето на апликацијата, потребно е да го внесете кодот за пристап што корисникот на основата картичка го добива на својот мобилен телефон 24 часа по врачување на полисата асистенција на пат, а потоа да ги внесете потребните податоци, по што личниот Ангел е подготвен за употреба.

Ова важи за корисници кои имаат издадено полиса пред 01.04.2026