Плаќајте брзо, безбедно и  
без допир со Halkbank картичките

Со Halkbank дебитните и кредитните картички, можете да ја користите Google Pay (G Wallet)
практичен и сигурен начин да плаќате со вашиот мобилен телефон, без потреба од физичка картичка.

Без разлика дали плаќате во продавница, маркет или ресторан, доволно е само да го приближите телефонот до
до ПОС терминалот кој има опција за бесконтакно плаќање и трансакцијата е завршена.

Карактеристики

Google Pay, преку апликацијата Google Wallet е дигитален паричник кој овозможува:

Чување на вашите Halkbank картички во дигитална форма
Бесконтактни плаќања преку мобилен телефон или паметен часовник
Онлајн купувања со едно допирање
Со оваа услуга, плаќањето станува побрзо, полесно и побезбедно

Предности

  • Брзина и удобност - само приближете го телефонот и платете во секој момент.
  • Сигурност - при секое плаќање се користи единствен дигитален код (token), а бројот на картичката никогаш не се споделува со трети лица.
  • Сè на едно место – сите ваши Halkbank картички може да се чуваат во Google Wallet.
  • Достапност во земјата и во странство – плаќајте без проблеми каде што има бесконтактни терминали.
  • Кредитна картичка без годишен трошок
  • Едноставно онлајн купување - без повторно внесување податоци од картичката.

Активирање

Преку Google Wallet апликацијата:

  1. Отворете ја Google Wallet апликацијата на вашиот телефон (достапна на Play Store).
  2. Изберете „Add to Wallet“ и внесете ја вашата Halkbank дебитна или кредитна картичка.
  3. Потврдете ја картичката преку SMS код добиен од банката.
  4. По потврдата, картичката е подготвена за користење со Google Pay.
  5. При плаќање, приближете го телефонот до ПОС терминалот за бесконтактно плаќање.

Преку мобилното банкарство

  1. Најавете се на мобилното банкарство на вашиот телефон
  2. Изберете Картички → Детали за картичка
  3. Кликнете на копчето Add to G-pay и ќе се пренасочите на GPay и одберете „Додајте во Wallet“
  4. Прифатете ги условите за да може да плаќате
  5. Вашата картичка е подготвена за бесконтактно плаќање преку избраниот уред

Најчесто поставувани
прашања

Кои Halkbank картички може да ги користам со Google Pay?

Сите дебитни и кредитни картички Mastercard и Visa издадени од Halkbank можат да се додадат во Google Wallet.

Дали услугата има дополнителен трошок?

Не, користењето на Google Pay е целосно бесплатно за сите Halkbank клиенти.

Каде можам да плаќам со Google Pay?

На сите места каде што е истакнат симболот за бесконтактно плаќање, како и на веб-страници и апликации кои прифаќаат Google Pay.

Што ако го изгубам телефонот?

Можете веднаш да го заклучите или избришете уредот преку Find My Device, а податоците за картичките ќе останат целосно заштитени.

Може ли да имам повеќе Halkbank картички во Google Wallet?

Да, можете да додадете повеќе картички и да изберете која ќе биде примарна при плаќање.

Дали треба интернет за да платам?

Не секогаш – за бесконтактно плаќање во продавници интернет не е задолжителен, но потребен е
при додавање или потврдување на картичката.

Плаќајте со вашиот телефон – побрзо, полесно и целосно безбедно.