Троши и штеди со новиот производ
на Халкбанк АД Скопје!

  • Производот Е-Касичка може да се отвори со поврзување на една или повеќе дебитни картички од Халкбанк (Mastercard Debit, Mastercard World Debit, Visa PayWave Electron, Visa Platinum и Halk Ez).
  • Активните производи Е-Касичка кои веќе се поврзани само со една дебитна картичка, постои можност за поврзување со дополнителна/и дебитна/и картичка/и.

Предности

Со секоја трансакција направена со Mastercard Debit, Mastercard World Debit, Visa PayWave Electron, Visa Platinum и Halk Ez на Халкбанк на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на било која банка, одреден износ зголемен над износот на ПОС трансакцијата ќе се трансферира на посебна штедна сметка на клиентот (депозитна сметка наменета исклучиво за овој тип на штедење).

Како
функционира?

Карактеристики

Каматна стапка: 1,00%
Минимален износ за отварање на производот: 100 МКД
Начин на исплата на камата: на крај на период на орочување
Тип на каматна стапка фиксна
Рок на орочување: 12 месеци
Метод на пресметката на камата: пропорционален (28-31/365-6)
Реорочување: При доспевање депозитот не се реорочува односно согласно договорот
Делумно повлекување на средствата: постои можност за делумни исплати од депозитот пред истекот на датумот на доспевање (до минималниот износ за отварање на производот), при што на повлечениот дел од депозитот се пресметува камата по видување т.е. 0%, додека на останатиот дел се пресметува камата по договор.
Дополнителни уплати: единствено со направена трансакција со дебитните картички на Халкбанк. Дополнителни уплати на шалтер, траен налог и електронско банкарство не се дозволени.
Предвремено раскинување: при предвремено раскинување на депозитот банката пресметува камата по видување според Одлуката за пасивни каматни стапки на Банката т.е. 0%.