Без трошоци

за обработка

Поволни каматни

стапки

Флексибилни опции за

животно осигурување

Општи услови

Ако си примател на плата во Халкбанк АД Скопје или ќе ја префрлаш платата, ти нудиме ефикасно, едноставно и прилагодено финансиско решение според твоите потреби.

Износ до 1.500.000 МКД
Максимален рок до 120 месеци
Кредитна способност: до 50% од месечните примања
Каматна стапка

5,9% фиксна каматна стапка за првите 2 години, за остаток од период 3,5 пп + референтна стапка за пресметување на која во моментов изнесува 4,25% (7,75% номинална каматна стапка), не пониско од 7%

Провизија за обработка на кредитот:

Без надомест за обработка

Провизија за предвремена ликвидација 0%

Трошоци за кредитот

  • 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
  • 500 мкд - апликација за кредит
  • Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
  • 2000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот

* 8,58% СВТ за износ на кредит од 300.000 МКД, 5,9% фиксна каматна стапка за првите две години, за останатиот период варијабилна каматна стапка од 7,75%, рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 500 МКД , трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 2.000 МКД.

* Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

Надомест за предвремена отплата на кредит:

За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.,

Слични кредити
за вашите потреби