Твојата плата во Халкбанк вреди повеќе

Пренеси ја платата во Халкбанк и искористи ги бројните поволности што ти ги носи услугата „Примател на плата“. Како клиент кој ја прима платата во Халкбанк, добиваш пристап до практични банкарски услуги, поволни услови и дополнителни бенефиции.

Поволности за тебе

Дебитна картичка Mastercard Debit Contactless

Добиваш дебитна картичка со која можеш да подигнуваш готовина од сите банкомати во земјата без провизија.

Дозволено пречекорување

Можност за дозволено пречекорување на трансакциската сметка до висина од три месечни плати, согласно условите на Банката.

Кредитни картички со одлични услови

Користи кредитни картички со дополнителни карактеристики и бенефиции:

  • Купување на рати без камата кај трговци со кои Банката има склучено договор.
  • Бонус поени за секоја трансакција направена на одредени продажни места, кои можеш да ги искористиш за купување производи и услуги.
  • Дополнителни поволности и можности за плаќање со картичките на Халкбанк.

Поволни каматни стапки

Пристап до поволни каматни стапки за кредити и депозити, согласно актуелната понуда на Банката.

Полиса за животно осигурување

Можност за склучување полиса за животно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје, во филијалите на Халкбанк или онлајн преку веб-страницата на Банката.

Електронско и мобилно банкарство

Со електронското и мобилното банкарство имаш целосна контрола над твоите финансии. Следи ја состојбата на сметката, врши плаќања и добивај известувања за секој прилив и одлив – брзо, едноставно и без посета на филијала.

Твојата плата, повеќе можности.

Со преносот на платата во Халкбанк, секојдневното банкарство станува поедноставно, а твојата плата ти отвора пристап до повеќе услуги и поволности.

Пренеси ја платата во Халкбанк и искористи ги бенефициите што ги добиваш како наш клиент.