Лично банкарство
Истражете ја услугата Лично Банкарство

Достапна во ХалкБанк со цел да Ви помогне во поефикасно управување со вашите финансии, инвестиција во недвижен имот, штедење, инвестиција на пазарот на капитал и слично.

Дизајнирано да ги задоволи индивидуалните финансиски потреби од управување со секојдневните трошоци до долгорочно планирање на вашите финансии.

Вклучува секојдневни банкарски трансакции како што се депозити, готовинска исплата и уплата, плаќање на сметки, кредитни и инвестициони услуги и друго.

привилегии

Твојот Личен банкар е финансиски специјалист кој ќе ви помогне за следното

  • Одбери го вистинскиот продукт - Ви нуди совет за најсоодветните продукти за заштеда, кредитни производи, осигурување и друго врз основа на вашата финансиска состојба.
  • Банкарски Трансакции - Ви помага при сите банкарски трансакции, апликации за кредити и кредитни картички, електронско банкарство, платен промет во земјата и во странство, хартии од вредност.
  • Постојана поддршка - Вашиот личен банкар е главна контакт личност за сите прашања и финансиски советувања.
  • Посебен третман - Лесно, брзо и без чекање извршување на сите банкарски трансакции за кое не е задолжително присуство на самиот клиентот во филијала.

За повеќе информации за услугата, посетете нѐ во нашите корпоративни филијали на Водњанска бр. 1, Бул. "Св. Кирил и Методиј" бр. 54 или Бул. 8ми Септември бр. 18.

Премиум - Потрошувачки
кредит

За приматели на плата и корисници на услугата Лично Банкарство во Халкбанк АД Скопје

Износ на кредит: до 2.500.000 МКД

Максимален рок: до 95 месеци

Каматна стапка: 4,6 % фиксна каматна стапка

Кредитна способност: За вработени до 50% од месечните примања

Трошоци за кредитот

  • 450 мкд - за проверка во Македонско Кредитно Биро
  • 500 мкд - за апликација

4,74% СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, 4,6% фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 500 МКД , трошок за проверка во МКБ 450 МКД

* Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.