Предвремено раскинување
е дозволено. Предвремено раскинување се смета доколку депозитот се повлече пред истекот на рокот на доспевање на депозитот или доколку условот за одржување на минимален износ за одржување на депозитот не се исполни во времетраењето на договорот. Во овие случаи Договорот се смета за целосно раскинат и се пресметува камата по видување, т.е. 0%.
Каматна стапка
се состои од основна каматна стапка и стимулативен додаток во процентни поени и истите се фиксни при склучување на Договорот. Стимулативниот додаток е формиран во рангови и зависи од висината на износот на паричниот депозит. Каматната стапка согласно износот на депозитот ќе се зголемува или намалува со преминот на депозитот од еден во друг ранг. Каматата се пресметува на дневно ниво, а се исплаќа на денот на доспевање на депозитот.