Одберете го Вашиот  
дигитален аксесоар

Бидете во чекор со светските трендови на дигитално плаќање само со
Халкбанк АД Скопје и Fidesmo Pay.

Што е Fidesmo Pay?

Fidesmo Pay e апликација преку која се дигитализираат Вашите дебитни и кредитни платежни картички од брендот Mastercard издадени од Халкбанк АД Скопје и со успешно активирање на аксесоарот на корисникот ќе му биде овозможено да извршува бесконтактни платежни трансакции.

Користи Near Field Communication (NFC) технологија која овозможува брзи и безбедни
бесконтактни плаќања. Корисниците можат едноставно да го приближат аксесоарот
до платежниот терминал за да извршат плаќање.

Уредот може да се купи преку официјалните партнери на Fidesmo Pay:

  • Tapster Код за 10% попуст: halkbank10
  • Paycelet Код за 20% попуст: Halk20

Плаќање со
дигитален аксесоар

Платежни трансакции со аксесоарот може да се извршуваат на секој ПОС терминал што поддржува бесконтактно плаќање.

Потребно е само еднаш да се дигитализира Mastercard картичката на телефонот.

Брз, лесен и модерен начин на користење.

Препораки за заштита

Корисникот совесно и одговорно треба да се грижи за својот аксесоар за да спречи истиот да биде изгубен,
украден или злоупотребен од страна на трети лица.

Во случај на губење на аксесоарот или прекин на услугата, клиентот може да ги преземе следните чекори:

Да направи пауза на плаќањата преку мобилната апликацијата Fidesmo Pay
Да ја избрише/отстрани картичката од мобилната апликацијата Fidesmo Pay
Да ја блокира картичката преку електронско банкарство, филијала или преку контакт центарот Help24 со повик на бројот 02/3296-330

Како дополнителна заштита од злоупотреба, клиентот може да активира СМС известување преку
која се добиваат информации за секоја успешна и неуспешна трансакција. Во случај на добивање СМС
известување на трансакција која не е направена од страна на клиентот, треба веднаш да се пристапи
кон препораките за заштита.

Навремено да ги следи сите известувања од страна на Банката во врска со
дигитализирани платежни картички на различни уреди.

Да ги следи сите информации на продавницата за апликации и да продолжи
со ажурирање и инсталирање на нови верзии на апликациите.

УПАТСТВО

За успешно да ја дигитализирате Вашата платежна дебитна или кредитна картичка Mastercard
потребно е прво да ја преземете мобилната апликација Fidesmo Pay од Play Store за мобилен уред
со оперативен систем Android или од App Store за мобилен уред со оперативен систем iOS.

Google Play Store Apple App Store

Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот мобилен телефон
Конектирајте го аксесоарот преку копчето “Connect”
Внесете ја Вашата e-mail адреса
Внесете го реалниот број на вашата платежна картичка 53** *** *** ***
Поврзете го уредот

(Конектирањето и поврзувањето се прави така што аксесоарот се допира на задната страна на мобилниот телефон каде што е поставена NFC антената на вашиот мобилен телефон. Секој NFC чип има различна поставеност кај секој производител на мобилни телефони)

Прашања

ШТО Е FIDESMO PAY?

Fidesmo Pay е нова опција за бесконтакно плаќање со дигитални аксесоари кои се поврзуваат со Mastercard платежна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ПЛАЌАЊЕ СО АКСЕСОАР?

  1. Да поседувате аксесоар (прстен, алка, привезок...)
  2. Да користите дебитна или кредитна платежна картичка Mastercard издадена од Халк Банка АД Скопје
  3. Да ја инсталирате мобилната апликацијата Fidesmo Pay
  4. Да ја дигитализирате вашата Mastercard платежна картичка-поврзете со аксесоар.

КАКО МОЖЕ ДА ГО КУПАМ УРЕДOT ЗА ДА ГО КОРИСТАМ FIDESMO PAY ?

Уредот може да се купи преку официјалните партнери на Fidesmo Pay:

КАДЕ МОЖЕ ДА КОРИСТИTE FIDESMO PAY?

На секој ПОС-терминал што поддржува бесконтактно плаќање .

ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ МОИТЕ ПОДАТОЦИ ОД ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА?

Технологијата на бесконтактно плаќање со аксесоар има вградени мерки за безбедност, вклучувајќи енкрипција на податоците и дополнителни мерки за автентикација како пин-код или биометрија. Сите трансакции преку Fidesmo Pay се шифрирани, што значи дека податоците за плаќањето се заштитени.

КАДЕ СЕ НАОЃА NFC АНТЕНАТА НА МОЈОТ МОБИЛЕН УРЕД ?

Секој мобилен производител и уред има различна локација на поставеност на NFC антената.

Кај iPhone уредите, NFC антената се наоѓа во горниот дел, веднаш до камерата.

Кај Samsung уредите, локацијата на NFC антената можете да ја пронајдете на следниов линк.

ШТО ДА НАПРАВАМ ДОКОЛКУ ГО ИЗГУБАМ ПРЕНОСЛИВИОТ УРЕД?

На Fidesmo Pay апликацијата имате можност да ги паузирате плаќањата или да ја откажете платежната картичка.

Исто така имате можност и да ја блокирате картичката преку електронско банкарство, филијала или контакт центарот Help24 со повик на бројот 02/3296-330