Без трошоци

за обработка

Поволни каматни

стапки

Флексибилни опции за

животно осигурување

Општи услови

Ако си примател на плата во Халкбанк АД Скопје или ќе ја префрлаш платата, ти нудиме ефикасно, едноставно и прилагодено финансиско решение според твоите потреби.

Износ до 2.500.000 МКД
Максимален рок до 120 месеци
Кредитна способност: до 50% од месечните примања
Каматна стапка

5,4% фиксна за кредити со рок на отплата до 95 месеци (со вклучено осигурување CPI или Живот)

5,9% фиксна за кредити со рок на отплата до 120 месеци (со вклучено осигурување CPI или Живот)

Провизија за обработка на кредитот:

Без надомест за обработка

Провизија за предвремена ликвидација 0%

Трошоци за кредитот

  • 500 мкд - апликација за кредит
  • 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
  • полиса од смрт од несреќен случај, покриеност на кредитот во случај на траен инвалидитет над 50% за кредитокорисникот, невработеност и боледување од Халк Осигурување АД Скопје или трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување - Живот АД Скопје

5,57 % СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, : 5,4% фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 500 МКД , трошок за проверка во МКБ 450 МКД. 

6,09 % СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, : 5,9% фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 500 МКД , трошок за проверка во МКБ 450 МКД.

*Во искажаниот пример за СВТ полисата за осигурување на кредит не е влезена во пресметката.

*Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

Надомест за предвремена отплата на кредит:

За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.,

Слични кредити
за вашите потреби