Твојот iPhone сега е твоја  
Халбанк картичка 

Што претставува Apple Pay?

Apple Pay вашиот нов дигитален паричник од Apple кој овозможува едноставни, брзи и безбедни плаќања со еден допир и без потреба од физичка картичка.

Предности

  • Брзо и едноставно - доволно е само да го доближите вашиот уред до POS терминалот за да платите.
  • Безбедно - автентикација со Face ID, Touch ID или лозинка на самиот уред при секое плаќање.
  • Практично – бесконтактно подигање готовина од банкомат.
  • Секогаш со вас – нема потреба од физичка картичка.
  • Онлајн и во апликации плаќајте на копчето Pay with Apple Pay, без внесување податоци секојпат.
  • Поддржано на сите Apple уреди - iPhone, Apple Watch, iPad и Mac.

Активирање

За да активирате Apple Pay најпрво треба да ја преземете бесплатната апликација Apple Wallet
и потоа да ги додадете во неа вашите картички од Халкбанк А.Д Скопје.

Како да ја додадете вашата Халкбанк картичка во Apple Pay?

Преку Apple Wallet апликацијата:

  1. Отворете ја апликацијата Apple Wallet на вашиот iPhone.
  2. Притиснете на “+” (Add Card).
  3. Дебитна или Кредитна картичка за додавање на нова картичка
  4. Притисни Продолжи (Continue)
  5. Допрете ја картичката до телефонот, скенирајте ја картичката или внесете ги рачно податоците.
  6. Прифатете ги условите за користење
  7. Комплетирајте го процесот на верификација
  8. Вашата картичка е подготвена за користење со Apple Pay

Преку мобилното банкарство:

  1. Најавете се на мобилното банкарство на вашиот iPhone.
  2. Одберете Картички – кликнете на полето со 3-те точки.
  3. Кликнете на копчето Add to Apple Wallet и прифатете ги условите.
  4. Вашата картичка е подготвена за користење на Apple Pay!

Прашања

Дали Apple Pay дигиталниот паричник е бесплатен?

Apple Pay дигиталниот паричник e целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошок за симнување на апликацијата Wallet Аpp, нема трошок за додавање картички и провизии при плаќања.

Каде можам да плаќам со Apple Pay?

Со Apple Pay може да плаќаш на сите продажни места и трговци кои имаат ПОС терминал со можност за бесконтактно плаќање и интернет продажни места кои ја поддржуваат оваа платформа за плаќање.

Како да платам со Apple Pay на продажно место?

За да користите Apple Pay, прво мора да го отклучите телефонот.

Во зависност од Вашите безбедносни поставки треба да внесете ПИН или да се најавите со некој од биометриски податоци како Face ID или отпечаток од прст.

Ја одбирате картичката со која сакате да го извршите плаќањето и го допирате телефонот на терминалот за плаќање.

Дали при плаќање со Apple Pay е потребно да се внесе ПИН?

При плаќање со Apple Pay на ПОС терминал најчесто нема потреба од внесување ПИН независно од износот

За Ваша автентикација се користи Face ID, Touch ID или passcode од самиот уред.

Во ретки случаи (најчесто поради постар модел на терминал и апликација) може да побара да се внесе ПИН од физичката картичка.

Дали се поставени лимити за плаќање преку Apple Pay дигиталниот паричник?

Лимитот за плаќање со дигитализирана картичка одговара со лимитот кој е сетиран на твојата физичка картичка. 

Промена на лимитите на вашите картички може да ги направиш преку мобилното и електронското банкарство,
во филијала или преку контакт центарот.

Дали може да ги следам направените трансакции на мојот телефон?

Сите трансакции ќе бидат прикажани во твојот Apple Wallet.
Исто така, преглед на трансакциите може да следите и преку мобилното и електронското банкарство.

Што ако го загубам мојот телефон или уред на кој користам Apple Pay?

Доколку го загубиш телефонот или уредот на кој користиш Apple Pay, не треба да се грижиш дека некој ќе ги искористи твоите картички и пари.

Веднаш можеш да се најавиш од друг уред со твојот Apple ID на iCloud.com, да го избереш изгубениот уред и да ја активираш опцијата „Lost Mode“ за да го заклучиш телефонот или да го избришеш уредот (Erase iPhone) ако сметаш дека нема да го најдеш.

Доколку го најдам изгубениот уред дали може повторно да ја вратам избришаната картичка?

Избришаните картички не можеш да ги вратиш, доколку сакате повторно да ја користите треба повторно да ја додадеш во Apple Wallet.

Што значи пораката „Картичката не е додадена – Контактирајте го издавачот“ додека ја додаваш картичката во Apple Wallet?

Пораката најчесто значи дека постои проблем со твојата платежна картичка, треба да се провери статусот на картичката преку мобилното /електронското банкарство или Хелп 24 контакт центарот.

 Информации за обработка на лични податоци при користење на Apple Pay (.pdf документ)