Ве молиме навремено ажурирајте ги Вашите лични податоци во Банката за Вашите лични промени (презиме, адреса, телефонски контакт и сл)

Не го откривајте Вашиот ПИН код и чувајте го одделно од Вашата платежна картичка

Доколку трипати го погрешите ПИН-от Вашата платежна картичка ќе ви биде привремено блокирана. За повторно нејзино активирање, Ве молиме обратете се во најблиската филијала/експозитура за да внесете нов ПИН

Во случај Вашата платежна картичка да биде украдена или изгубена, веднаш обратете се на следните телефони 02/3296-330 или  на маил help24@halkbank.mk

Внимателно следете ги процесите при плаќање со Вашата платежна картичка и инсистирајте платежната картичка веднаш да ви биде врачена по завршувањето на платежната трансакција

Пред употреба на платежната картичка на банкомат, осигурајте се дека нема никој позади вас

Следете ги инструкцииите прикажани на екранот на банкоматот

Не прифаќајте помош од други лица додека ја користите платежната картичка на банкомат

Доколку не сте сигурни за валидноста на некој од банкоматите, веднаш напуштете ја локацијата и јавете се во контакт центарот на Халкбанк АД Скопје Help24/7- 02/3296-330 за проверка на Вашата платежна картичка.

Проверете ја валидноста на Вашата платежна картичка- Банката ја следи активноста на картичката последните 6 месеци и доколку сте ја користеле автоматски ќе реиздаде нова. За реиздадена платежна картичка Банката Ве информира со СМС порака за да може да ја подигнете од филијалата/екпозитурата каде што е доставена. Реиздадената платежна картичка можете да ја подигнете на крај на месецот кога претходната пластика Ви истекува

Во случај кога има сомнеж дека некоја платежна трансакција не е направена од Ваша страна, веднаш известете нé или посетете некоја наша филијала за да се провери валидноста на платежната трансакција.

Внимавајте на сигурноста на Вашата платежна картичка. Не ја експонирајте на места од каде би можела да биде украдена и не ја давајте на други лица.

Доколку трипати го погрешите ПИН-от на АТМ Вашата платежна картичка ќе Ви биде одземена. За повторно нејзино подигање, Ве молиме обратете се во Банка.

При користење на банкомат, доколку не ја повлечете готовината или платежната картичка во период од 20 секунди, банкоматот поради безбедносни причини ќе ги повлече назад.

Интернет плаќања - купувајте кај регистрирани и верификувани Трговци.

Упатство за 3D Secure

Во левиот агол на web страната би требало да постои симбол lock или caps lock што потврдува дека страницата е безбедна. Секогаш читајте ја Процедурата за испорака на web страницата каде што вршите интернет плаќање.