Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за правни лица, преку пополнување на формулар. Се доставува посебен формулар во кој одбирате најава со ЛИБ, најава со токен или поврзување на КИБС или Телеком сертификат, како и потребни привилегии за секоја сметка и за секоја фирма за кои е потребен пристап. Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. Доколку Вие не сте овластено лице во фирмата, потребно е да обезбедите полномошно од овластено лице. По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, ќе Ви биде испратен ЛИБ код на емаил адреса најдоцна до утрешниот ден или ќе Ви биде изработен токен со соодветен ПИН код во текот на неколку работни дена. Подетално упатство се наоѓа на следниов линк